Пегите најчесто се појавуваат на кожата како резултат на ште-тните сончеви зраци, па затоа овој период од годината е вистинско време за третмани со кои можете да ги избледите или отстраните.

Овие промени на кожата се појавуваат на носот, челото, образите, но исто така и на рацете, деколтето и грбот, главно кај луѓе со посветла кожа.

Пеги – воглавно ги имаат младите и исчезнуваат со возраста. Тие можат да се отстранат со различни методи, како што се мачкање на кожата со разреден оцет или покривање со парчиња лимон, кои потоа се мијат со хидрогенски сапун.

Пилингот исто така дава одлични резултати, но без оглед на сè, при првото појавување на сонцето, пегите ќе се вратат. Кремите кои содржат фактор можат да ја заштитат кожата од повторно појавување на пеги.

Сончеви дамки – се јавуваат поради поголема концентрација на меланински пигмент на некои места. Луѓето со светла кожа имаат повеќе црвеникави пигменти, додека луѓето со темна кожа имаат повеќе црно-кафеави.

Тие се отстрануваат со употреба на средства за посилен пилинг на површинските слоеви на кожата, во кои има изразена пигментација. Можете исто така да ги отстраните сончевите дамки со лупење, отстранување на горните слоеви на кожата, каде што исто така се акумулира меланин.

Како супстанции погодни за оваа постапка, најчесто се употребуваат киселини од растително или природно потекло – салицилна, млечна и винска киселина. Овие киселини се комбинираат со супстанции кои ја потхрануваат кожата, како што е пантенолот, со што се добиваат соединенија како што е аскорбинскиот палмитат, кој редовно се користи за отстранување на пеги и флеки.

Дамки за време на бременост – може да имаат зеленикава боја и полека да избиваат на површина. Тие се предизвикани од употреба на некои препарати, како што се парфемирани производи.

За да не се случи ова во 4 – тиот месец од бременоста, треба редовно да нанесувате заштитни креми на лицето.

Старечки пеги – најчесто се појавуваат на лицето, рамената, рамената и подлактниците. Тие се манифестираат преку темно кафеава, светло-кафеава, сивкаста или црна дамка.

Тие се јавуваат како последица на нарушување во производството на меланин, пигментот одговорен за бојата на човечката кожа. Уште се нарекуваат старечки дамки, бидејќи во повеќето случаи се појавуваат по 50-та година.

Сепак, тие можат да се појават и на помлада возраст, главно поради честа изложеност на сонце или затемнување на тенот во солариумот. Нешто повеќе склони кон нив се луѓето со потемна боја на кожата.

Фактори на ризик се исто така генетски предиспозиции, но исто така и хормонална нерамнотежа, воспаление и повреди. Неинвазивен третман кој го отстранува горниот слој на кожата со помош на кристали, цинк и други абразивни материјали успешно ги отстрануваат старечките дамки.

Убавата и сјајна кожа е сон на многу жени. По 50-та година од животот се појавуваат старечките пеги кои може да го нарушат естетскиот изглед на кожата. Сепак без да користите скапи препарати, може да ја направите оваа домашна маска која е 100% делотворна.

Ако имате ваков проблем, не брзајте да купувате скапи креми за белеење на кожата, туку направете сосем природна маска од 3 состојки што веројатно постојано ги имате дома.

Оваа маска може да се нанесе на сите проблематични области, вклучувајќи ги и лицето, рацете и нозете. Со текот на времето, ќе се ослободите од пегите, а кожата ќе заблеска.

I Рецепт за маска за осветлување на кожата

Потребни состојки: 1 лажица мед, 1 лажица јогурт, 1 лажица сок од лимон.

Постапка: Измешајте ги сите состојки додека да се изедначат. Нанесете ја маската на проблематичната кожа. Оставете да делува 15 минути, а потоа исплакнете со топла вода и ставете хидратантна крема. За најдобри резултати, повторете го процесот 3 – 4 пати неделно пред спиење.

II Рецепт: Брзо и моќно решение кое помага да се отстранат старечките пеги

Потребни ви се само две состојки: јаболкова киселина и кромид. Излупете го кромидот и исечете го на парчиња. Ставете го во блендер или во соковник и сомелете го додека да добиете каша.

Додајте иста количина и јаболкова киселина, па уште малку промешајте (користете приближно иста количина од двете состојки). После тоа нанесете ја смесата на памучна крпа.

А потоа ставете како облога на рацете и местата каде имате старечки пеги (зона на деколте и слично). Оставете да делува половина час, а потоа темелно исплакнете со ладна вода.

Ако ви преостане од смесата, складирајте ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер до 20 дена. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска