Потребни состојки:

1 литар млеко

250 г шеќер

2 кесички (20 г) желатин во прав

400 г шлаг во прав

300 г мелени бисквити

500 г смрзнати малини

2 кесички (80 г) шлаг во прав + млеко/вода

Постапка:

Млеко и шеќер ставете на оган и загревајте на тивок оган додека да зоврие. Тргнете од оган и додадете желатин, претходно приготвен според упатството на кесичката. Добро промешајте додека целиот желатин не се растопи, па оставете да излади на собна температура (3-4 часа), а потоа и во фрижидер (3-4 часа).

Откако млекото добро ќе излади и желира, изматете го со миксер, па додадете го правот за шлаг. Продолжете со миксење додека сето убаво да се изедначи и стане кремасто. Во 2/3 од смесата додадете мелени бисквити, а во 1/3 додадете смрзнати малини (или некое друго црвено овошје).

Во подлабока тепсија обложена со проѕирна фолија ставете ½ од смесата со бисквити, потоа целата смеса со малини, па преостанатата смеса со бисквити. Тортата оставете ја во замрзнувач неколку часови или преку ноќ. После ладењето тортата превртете ја на тацна, тргнете ја фолијата и украсете со шлаг, приготвен според упатството на кесичката.