ЛЕДЕНА ПЛАЗМА ТОРТА – Брза, лесна за правење, со извонреден вкус

Ледена плазма торта е една брза, извонредна торта, лесна за приготвување и може да биде десерт за било која пригода.

Потребни состојки:

4 јајца
4 лажици шеќер
50 мл вода
3 лажици масло
3 лажици меко брашно
2 лажици какао
1 прашок за печиво (10 г)
100-200 мл чоколадно млеко

За фил:

400 мл слатка павлака
200 г шеќер во прав (или по вкус)
700 г кисела павлака
400 г мелени плазма кекси

и уште:

Loading...

180 г шлаг крем од чоколадо
млеко или вода за да се измати шлагот
100 мл слатка павлака
100 г чоколадо

Постапка:

Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Белките изматете ги со шеќерот во цврст снег. Потоа постепено додавајте ги жолчките, водата па маслото, за цело време матејќи со миксерот.

На крај додадете го брашното, какаото и прашокот за печиво, па заедно изматете или на најмала брзина или со шпатула за да остане смесата пенлива.

Излејте во обложен плех со димензии 30х20 см и ставете да се пече, па намалете ја температурата на 180 степени. Печете околу 25 минути.

Печениот и изладен бисквит вратете го во плехот без хартија, па прелијте го со чоколадно млеко и оставете го да го впие. Кога ќе впие, извадете ја кората врз тацна за послужување.

Изматете ја киселата павлака со шеќерот во прав. Посебно изматете ја слатката павлака. Потоа соединете ги киселата и слатката павлака, но мешајте со шпатула или лажица.

Додадете ја мелената плазма, па повторно измешајте за да се соедини. Нанесете го филот врз кората. Изматете го шлагот според упатството, па обложете ја целата торта во тенок слој. Оставете малку за декорација.

Искршете чоколадо, а 100 мл слатка павлака загрејте на оган, но не дозволувајте да ви зоврие. Прелијте го чоколадото и мешајте додека да се растопи и соедини. Оставете неколку минути да излади, па прелијте преку шлаг кремот. Израмнете и оставете да се стегне, па завршете ја декорацијата со шлаг крем од чоколадо или по ваша желба. Добро изладете пред послужување.

Domacirecepti.net

Loading...