ЛЕБ ЗА 6 МИНУТИ…За појадок или закуска…БРЗО И ВКУСНО…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 лажичка шеќер 5 г
1 лажица сув квасец 10 г
1 лажичка сол 5 г
1 лажица маслиново масло 10 мл
1 лажица цврст јогурт или кисела павлака 20 г
1 чаша топло/млако млеко 200 мл
2.5 чаши брашно 300 г
печете на 250 степени 6 минути

ПОСТАПКА:

1.Во топлото млеко растворете ги шеќерот и квасецот. Додајте масло, брашно и сол. Замесете доста меко тесто кое сосем малку се лепи за рака. Истресете го на малку набрашнета површина и домесете го за да не се лепи.

2.Покријте го и оставете го на топло место да ферментира 20-тина минути или додека да го удвои волуменот.

3.Стасаното тесто малку премесете го и поделете го на 12 топчиња. Секое топче со дланката сплескајте го како лепиња и поставете го врз хартија за печење. Тестата за сето време треба да бидат покриени за да не се сушат.

4.Печете ги во добро загреана рерна на 250 степени, само 6-10 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.