Леб веќе не купувам откако го научив овој едноставен метод…ТУРСКИ ЛЕБ „ЕКМЕК“…Нов совршен рецепт!
Овој домашен леб задолжително пробајте го дома и ќе го печете секој ден.
Печењето леб е едноставно. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
500 мл млака вода
1 лажица сув квасец
1 лажичка шеќер
Почекајте 5 минути за да се активира квасецот, па додајте:
700 г брашно (тип 500)
1 лажичка сол
4 лажици маслиново масло
ПОСТАПКА:
Замесете помеко тесто, прво со 600 г брашно и лажичка сол, а потоа додајте ги преостанатите 100 г и домесете. На крај сипете го маслото. Покријте го и оставете го да нарасне 60 минути.
На набрашнета површина поделете го на два дела, обликувајте топки и оставете да одмори 10-15 минути. Обликувајте го лебот и оставете да нарасне додека рерната се загрева на 220 степени.
Премачкјате го со вода и посипете го со пченкарно брашно или палента. печете го 30-тина минути во добро загреаната рерна. Погледнете го видео рецептот со подготовката ОВДЕ: