ЛЕБ КАКОВ НЕ СТЕ ПРОБАЛЕ…Се потопува пред печење и тоа му дава толку добар вкус…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 чаши брашно, 600 г
2 чаши топло млеко, 400 мл
1 супена лажица сув квасец, 10 г
1 супена лажица шеќер, 20 г
1 мала лажичка сол, 8 г
30 мл маслиново масло

И уште:
2 литри вода
1 лажичка сол

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад растворете ги квасецот и шеќерот во топло млеко (млако), па започнете постепено да го додавате брашното со солта. Кога ќе ја впие течноста додајте го маслото и замесете средно меко и мазно тесто кое не се лепи за рака.

2.Покројте го и оставете го да ферментира на топло место 45 минути или колку што е потребно да го удвои волуменот. Потоа нежно премесете го и поделете го на 6 топчиња.

3.Земете едно топче и развлечете го во кора со големина на чинија, па свиткајте го како кифла, во ролат. Со штипкање спојте ги сите страните на тестото. Постапката повторете ја со сите топчиња.

4.Во тенџере совријте 2 литри вода со 1 лажичка сол. Спуштајте ги лепчињата и варете ги точно 2 минути.

Вадете ги со решеткава лажица и редете ги во плех обложен со хартија за печење.

5.Со остар нож направете коси засеци, па ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, 20 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/aj7R6-iEVNE?si=BfcmtHUvuawDsxmA