„ЛЕБ 5 МИН“: Метод за месење со кој и почетниците ќе направат највкусен леб…Рецепт кој ќе ви го промени животот!

Не постои леб кој буквално може да се подготви за 5 минути како што сугерира името на овој рецепт, но авторката тоа го објасни на едноставен начин:

рецепт 1

„Потребни ви се само 5 минути активно месење за ова тесто…А за вториот рецепт нема потреба дури ни од месење.

Тајната е во методот на подготовката, „диплењето“ и секако, ферментирањео кое ќе овозможи лебот да биде мек како сунѓер и со многу шуплини во него…

Вкупниот процес на подготовка на тестото е различно за двата рецепти, зашто методот за ферментацијата е различен. Еве што ви е потребно:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

800 г брашно (просеано)
2 лажички сол
2 лажици шеќер
10 г сув квасец
500 мл млака вода
30 мл маслиново масло

РЕЦЕПТ 2 (без месење) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г сенаменско брашно + за домесување
400 мл топла вода
5 г сув квасец
5 г сол

ПОСТАПКА за рецепт 1:

1.Просејте го брашното во подлабок сад и помешајте го со шеќер и сув квасец. Направете бунарче во средината и сипете ја топлата вода. оставете 10-тина минути за да се активира квасецот.

2.Додајте ја солта и маслото, па со лажица измешајте ја смесата за да се обликува тесто. Истресете го тестото на набрашнета површина и со развлекување месете го 5 минути. Обликувајте го во топка.

3.Ставете го во намастен сад, покријте го и оставете го да ферментира 2 часа. По изминатото време премесете го кратко за да се истисне воздухот и поделете го на два дела. Обликувајте две топки.

4.Земете го едното тесто и со оклагија развлечете го во долгнавест правоаголник.

Свиткајте го во ролат и со штипкање (со прстите) затворете ги краевите за да добиете мазна векна.

5.Ролатот уште еднаш развлечете го со оклагија во правоаголна кора и повторно свиткајте го во ролат.

Со прстите затворете ги сите краеви од кората, и оние од двете страни.

6.Двете векни леб ставете ги во намастени калапи за леб (долгнавест, тесни и длабоки).

Покријте го и оставете да ферментира.

7.Одозгора намачкајте ги со мешавина од млеко и масло и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 30-40 минути. Печените лебови извадете ги да се ладат на решетка.

ПОСТАПКА за рецепт 2:

1.Во просеаното брашно направете бунарче и тука сипете го квасецот со топла вода. оставете 5-10 минути да се активира, па промешајте со лажица за да се обликува меко тесто. Не се меси со рака, зашто тестото е доста влажно и лепливо!

2.Покријте го и оставете го да ферментира 1 час на топло место.

3.Натопете ги рацете во ладна вода. Потфатете го тестото од едната страна како да го штипнувате, повлечете (треба да е растегливо) и префрлете преку него, како да го покривате.

Потоа повторете и од другата страна. Пред секое „штипнување“ натопувајте ги рацете во вода за да не ви се лепи. На крајот треба тестото треба да добие облик на топка.

4.Повторно покријте го и оставете го да ферментира на топло место уште еден час.

5.Обилно посипете ја работната површина со брашно и истресете го тестото. Посипете го и него одозгора, па со набрашнети раце раширете го колку можете повеќе.

6.Потоа свиткајте го во ролат, а ролатот во полжав.

7.Потоа повторете ја постапката уште еднаш.

8.Обликувајте топка, поклопете ја со некој сад и оставете да одмори 15 минути.

9.Повторете ја постапката со раширување, но овојпат не го виткајте тестото во ролат, туку здиплете го како за лиснато тесто.

10.Врз плех обложен со хартија за печење посипете брашно, ставете го тестото, поклопете го со сад и оставете 5 минути за да нарасне.

11.Посипете го одозгора со брашно, направете површински засек и ставете да се пече во загреана рерна на 250 степени, 20 минути. Постапката и деталите погледнете ги ОВДЕ.