Loading...

ЛАЗАЊИ готови за 6 минути – омилениот италијански специјалитет

Омилениот италијански специјалитет во експресно – брза варијанта! Доколку користите неготвени лазањи, оставете ги да омекнат во топла вода пред приготвување.

Потребни состојки:

1 лажичка маслиново масло

½ чешне лук

1 лажица свежо оригано или ½ лажичка суво оригано

1 шолја сечкани домати

½ лажичка сол

¼ лажичка црн пипер

2 кори лазањи

¼ шолја рикота сирење

3 – 4 парчиња моцарела

1 лажица пармезан

1 лажица свеж босилек

Готов болоњезе сос (рецепт)

Печурки по желба

Постапка:

Пригответе чисти тегли и во нив измешајте масло, лук, печурки, оригано, доматен сос, болоњезе сос, сол и црн пипер. Ставете во микробранова печка на 1 до 2 минути колку да омекне зеленчукот.

Земете втора шолја па редете ред искршени лазањи, ред сос, па ред сирење. Завршете така што горниот слој ќе биде пармезан.

Вратете во микробранова печка на 30-60 секунди, во зависност од јачината.

Loading...