Студиите докажале дека кверцетинот има антивирусно дејство врз SARS-CoV-2 инфекцијата и затоа се смета дека има многу важна улога како во спречувањето на болеста, така и во лекувањето на инфекцијата.
Многумина кверцетинот го сметаат за крал на флавоноидите, бидејќи претставува моќен антиоксиданс, а со самото тоа и силен противвоспалителен агенс, затоа што го блокира ослободувањето на хистаминот и другите фактори за воспаление – цитокините.
Кверцетинот спречува да се згусне крвта и да се создаде тромбна маса, а докажано е дека ја намалува и оксидацијата на лошиот холестерол. На тој начин ја успорува појавата на атериосклероза со двострано дејство, делувајќи и врз воспалението и врз оксидацијата на лошиот ЛДЛ холестерол. Покрај ова, познато е и неговото антиканцерогено дејство.
Влијанието на koвид 19: Својството на кверцетинот било анализирано во неколку студии кои го испитувале неговото дејство врз инфекцијата предизвикана од kopoна вирусот.
Студиите докажале дека кверцетинот има антивирусно дејство врз SARS-CoV-2 инфекцијата и затоа се смета дека има многу важна улога, како во спречувањето на болеста, така и во лекувањето на инфекцијата.
На клеточно ниво тој го спречува навлегувањето на вирусот во клетката делувајќи директно врз АЦЕ2 експресијата преку која вирусот влегува во клетката и го намалува неговиот цитопатоген ефект врз неа, доведува до промени на имунолошкиот одговор и спречува појава на тромбоемболија која е многу честа во ковид инфекциите.
Моќен во комбинација со витамин Ц: Кверцетинот делува и врз вирусната полимераза и може да спречи репликација (делба) на вирусот. Дејството на кверцетинот се зголемува ако се комбинира заедно со витамин Ц, па затоа е важна и разновисноста во вашата исхрана.
Намирниците кои се богати со кверцетин се следните: боровинки, брусница, црно вино, јаболка, агруми, зелен и црн чај, какао, црвен кромид, пиперки, домати, брокула, кељ, прокељ, зелка, зелен лиснат зеленчук, капар, маслиново масло, аспарагус и мешунки.