Кумановската татлија е традиционално благо кое се прави во посните денови. Овој рецепт и фотографиите од сочната и вкусна татлија ни ги претстави нашата драга членка Благица Баба Буки Ивановска во групата НМД рецепти. За да го приготвите овој старински шербетен колач ќе ви бидат потребни следните состојки:

Фотографија и рецепт на Благица Баба Буки Ивановска

250 мл масло, 350 мл пиво, 1 кесичка прашок за печиво, 4 лажици гриз и околу 800 до 900 г брашно. Постапка на приготвување: Од сите состојки се замесува убаво тесто кое со помош на рацете се распределува рамномерно во тепсијата и рамномерно се натапкува.

Фотографија и рецепт на Благица Баба Буки Ивановска

Се сече на ромбови и се пече еден час и половина во загреана рерна на 180 степени. Печената татлија се остава да излади. На крај се приготвува шербетот од 1 кг шеќер и 500 мл вода. Се вари откако ќе зоврие околу 10-тина минути, а со топлиот шербет се прелива ладната татлија. Се остава целосно да се олади и да го впие сирупот.

Фотографија и рецепт на Благица Баба Буки Ивановска

Прочитајте го и вториот рецепт: “Кумановска ТАТЛИЈА, поразлична од Ресенската: посна, сочна, вкусна, се топи во уста. Фотографија и рецепт на Зорица Пирганоска. “Ние во Куманово правиме татлија, тоа е посен колач, но сосем поразличен од ресенскиот”.

Фотографија и рецепт на Зорица Пирганоска

Потребни состојки: 500 мл масло, 400 мл пиво или бело вино, 2 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво, 200 г гриз, 1 лимон – кора, 100 г мелени ореви и брашно по потреба (околу 800 г +-). Постапка: Се меси средно тесто не многу меко. Се наросува гриз на работна површина и убаво се меси за да се добие компактно тесто.

Фотографија и рецепт на Зорица Пирганоска

Се расплескува тестото во тркалезно и намастено тавче бр.36 и се сече како на сликата. Се одмора околу еден час, се наросува со сечкани ореви и се украсува со виљушка. Се пече на средна температура, јас печам на 150 степени околу еден час да добие златна боја.

Фотографија и рецепт на Благица Баба Буки Ивановска

Се остава да излади, па се вари шербет од 1 кг шеќер и 1 литар вода да врие 15-тина минути. Се попарува врел шербет со ладна татлија. Се покрива со алуминиумска фолија за да се впие шербетот и се остава да излади. Ова е стар рецепт од тетратката на мајка ми. Фотографија и рецепт на Зорица Пирганоска од Македонска кујна, некогаш и денес.

Фотографија и рецепт на Благица Баба Буки Ивановска

Доколку ве интересира прочитајте го и третиот – Рецепт и видео презентација на Милица Михајловиќ – Татлии со ореви. За да го приготвите овој старински и многу вкусен колач, ќе ви бидат потребни следните состојки: 1 кг брашно, 250 мл газирана вода, 500 мл масло, 3 лажици шеќер, 1 кесичка прашок за печиво.

За сируп: 500 г шеќер, 700 мл вода, сок од 1 лимон, 1 кесичка ванилин шеќер, 250 г ореви во цела јатка. Постапка: Во подлабок сад измешајте го брашното со прашкот за печиво. Потоа додадете го шеќерот (3 лажици) и повторно промешајте. На крај додадете ја газираната вода и маслото.

Мешајте со лажица постепено додека ги додавате состојките. Убаво промешајте и формирајте го тестото. На крај месете со раце. Не грижижете се што тестото малку се распаѓа, такво треба да биде, помалку ровко и суво. На крај кога добро ќе се измеси кинете парчиња и сплескувајте ги со рацете како дебели палачинки.

Парчињата тесто редете ги во тепсијата или калапот за печење. Калапот треба да е претходно добро намастен со путер, со димензии приближно околу 34-36 см. На овој начин е полесно за да распореди рамномерно целото тесто. Отако ќе го распоредите целото тесто, притиснете со дланките или со толчникот за гмечење компири.

Добро притиснете го тестото и оставете го 10-15 минути за да се одмори тестото. За тоа време загрејте ја рерната на 220 или 200 степени, па потоа постепено ќе ја намалите температурата. Пред печење колачот исечете го на ромбови и врз секоја баклава ставете по една половина јатка орев и притиснете малку, за да не паѓа после печењето.

Вака приготвениот колач ставете го да се пече во загреаната рерна нешто повеќе од еден час, можеби час и половина. На почетокот се пече на посилен оган (200 степени) додека да зарумени, околу 20 минути, а потоа намалете ја температурата на 170-150 степени за да добро да се исуши колачот. Следете го печењето.

Печениот колач извадете го од рерна и оставете го да се олади, па дури потоа пригответе го шербетото. Изладениот колач се прелива со врел шербет. Сирупот се готви од шеќер и вода, а потоа се додава и лимоновиот сок, па се вари 10-15 минути додека малку да згусне. Откако ќе ги преплиете татлиите со шеќерниот сируп, оставете убаво да се олади и колачот да го впие шербетот. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Можеби ќе ве интересира и следниот рецепт: Брз колач со ореви (Лажна баклава) прелиен со шербет – сочен и многу вкусен. Рецепт и видео презентација на Мои Домашни Рецепти – Лажна баклава. Колачот е без и лесен, со вкус на баклава, сочен и многу вкусен.

Постапката е многу едноставна, а може да ја погледнете во видеото под пишаниот рецепт. Се користи тепсија бр.36 см, а колачот се пече во загреана рерна на 180-200 степени. Топлиот колач се прелива со врел шербет. Потребни состојки: 250 г путер, 1 јајце, 200 мл млеко, 200 мл масло, 10 г ванилин шеќер, 900 г брашно, 10 г прашок за печиво и 200 г мелени ореви.

За шербет: 900 г шеќер и 900 мл вода Постапка: Во подлабок сад ставете 250 г путер омекнат на собна температура, додадете 1 јајце, 200 мл млеко, 200 мл масло, 1 кесичка ванилин шеќер. Со рака или вилјушка издробете го путерот и додадете 900 г брашно и 1 кесичка прашок за печиво.

Замесете со рака додека да добиете средно ровко тесто кое лесно се обликува. Тестото поделете го на два еднакви дела. Тепсијата бр.36 малку намастете ја со путер, а потоа едното тесто со помош на дланките рамномерно распоредете го на дното. Наросете 200 г мелени ореви и убаво натапкајте ги во кората.

Второто тесто развлечете го со оклагија на малку набрашнета површина, а кората ставете ја одозгора, вез оревите. За полесно да ја префрлите кората, најдобро е да ја пресечете на четвртини, па секој дел посебно да го пренесете. Убаво израмнете со дланките, а потоа со остар нож правилно исечете ја баклавата (погледни видео).

Фотографија и рецепт на Благица Баба Буки Ивановска

Баклавата ставете ја да се пече во загреана рерна на 180-200 степени околу 40-50 минути, во зависност од рерната. Во меѓувреме пригответе го шербетот: На оган ставете 900 г шеќер прелиен со 900 мл врела вода. По желба ставете и некое тркалце лимон.

Оставете да врие 10 минути под капак, а потоа да одмори 5 минути. Печениот колач додека е топол прелијте го со врелиот шербет. Оставете да излади и да го впие сирупот, па послужете. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.