Многумина се нашле во непријатна ситуација кога ќе поздравите слатко кученце, а неговата муцка завршува таму каде што навистина не сакате. Подеднакво, не е пријатно кога вашето куче ќе почне да го душка меѓyножјето на некој непознат, но ветеринарите имаат објаснување за ваквото однесување.
Кучињата се љубопитни по природа и го користат својот нос за да соберат секакви информации за луѓето, животните и нивната околина.
„Тоа е начин на живот за нив. Кучињата имаат феноменално сетило за мирис, а тоа душкање на меѓyножјето е само уште една алатка што ја користат за да нè запознаат“, вели ветеринарот Вернард Хоџис за Reader’s Digest.
Но, зошто кучињата го душкаат тој дел од телото?
Едноставно кажано, тоа е најпристапното место за едно куче. Тие ги откриваат феромоните, кои се хемиски сигнали произведени од апокрините (потните) жлезди кои се наоѓаат главно во пpепоните и пазyвите на луѓето.
Двата дела од телото пренесуваат мноштво информации, како што се возраста, полот, расположението и здравствените проблеми, но на нашите четириножни пријатели едноставно им е многу полесно да пристапат до меѓyножјето отколку до пазyвите.
Благодарение на Џејкобсоновиот оpган, кучињата имаат импресивно сетило за мирис. Се наоѓа на непцето, со канали кои се отвораат кон носот и устата, овозможувајќи оптимални способности за душкање.
„Џејкобсоновиот оpган содржи милиони специјални миризливи рецептори кои ги фаќаат мирисите, овозможувајќи подобрено откривање на мирис.
Носот на кучето е 100.000 до милион пати почувствителен од човечкиот нос, но некои раси, како што се Bloodhounds, имаат нос кои се 10 до 100 милиони пати почувствителни од нашиот“, вели ветеринарката Хилари Вилер.
И покрај гласините дека кучињата можат да намирисаат на бременост, тоа не е точно.
„Она што тие можат да намирисаат е промена во нашите тела што може да се должи на хормоните“, вели ветеринарот Дејанира Смит.
„Бременоста или можеби други здравствени проблеми може да го променат сетилото за мирис на една личност, па тоа може да биде причина за прекумерно душкање во некој дел од човечкото тело“, додава Смит.
Иако не е многу пријатно кога куче ќе ви душка околу меѓуножјето, за нив тоа е апсолутно нормално однесување.
Душкањето на пpепоните не е толку различно од кога кучињата се душкаат за да се поздрават и да соберат информации за возраста, полот и pепродуктивниот статус. Бидејќи кучињата ги сметаат луѓето за дел од нивната глутница, нагонот да го душкаат меѓyножјето е веројатно инстинктивен начин на поздравување на луѓето.
За повеќе интересни содржини заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Кучето почнало претерано да го штити бебето: Родителите поставиле камера и ја откриле страшната вистина“ – ОВДЕ.