Фото и рецепт на Николинка Касап – Сусамки

Сусамките се нашите кекси од детсвото кои задолжително се приготвуваа барем еднаш во неделата. Главната состојка е сусамот, како што наведува самото име, а тоа е токму она што им е потребно на децата за да растат со силни и здрави коски.

Потребни состојки:

140 г брашно
120 г путер или маргарин
240 г шеќер
2 ванилин шеќер
2 јајца
2 лажици сок од лимон
320 г сусам
1 лажичка прашок за печиво

Постапка:

Прашокот за печиво помешајте го со брашното. Изматете го омекнатиот путер на собна температура заедно со шеќерот, па додадете ги јајцата, ванилата и лимоновиот сок. Изматете.

Намалете ја брзината на миксерот, па полека додавајте го брашното. Откако ќе добиете мазна изедначена смеса, додадете го сусамот и со лажица убаво промешајте да се соедини.

Формирајте ги сусамките и редете ги во плех обложен со хартија за печње. Редете ги на растојание. Ставете ги во претходно загреана рерна на 200 степени да се печат 10 минути. Потоа свртете ги на другата страна и внимавајте да не ги изгорите, бидејќи се тенки и многу брзо се готови. На почетокот се меки, но кога ќе се оладат стануваат крцкави и многу вкусни.

Фото и рецепт на Николинка Касап