БАНИНИ СО ЏЕМ – слатки кекси кои совршено одат со топол напиток за ладните денови, излегуваат многу

Фото и рецепт: Шемса Чолиќ

Стар рецепт за Банини колачи, кој некои го нарекуваат “Милион”, бидејќи излегуваат навистина многу. Колачите се многу вкусни и ровки, се топат во уста.

Потребни состојки:

2 јајца
2 мали шолји (од 100 мл) шеќер
3-4 кесички ванилин шеќер
2 мали шолји масло
½ кесичка прашок за печиво
6 мали шолји брашно (или 4 шолји брашно + 2 шолји мелени ореви)
2 лажици џем од кајсии
малку сок и кора од лимон

Постапка:

Фото: Славица Кнежевиќ

Изматете ги најпрво јајцата, додадете шеќер и ванилин шеќер. Добро изматете па во тенок млаз додадете го маслото, па намалете брзина и додадете брашно помешано со прашок за печиво. На крај додадете рендана кора од половина лимон. Брашното може да го измешате со мелени ореви, така се помеки и поубави според мене.

Кинете по малку од тестото и формирајте топчиња. Со дршка од дрвена лажица правете дупче во средината од секој колач кое потоа се полни со џем: Две лажици џем се разматуваат со малку лимонов сок за полесно да се полнат дупчињата.

Се печат 20-тина минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Едноставно а толку вкусно. Ако случајно се лепи тестото, тогаш дланките малку се набрашнуваат.

Фото и рецепт: Шемса Чолиќ

Претходна статијаКрцкави сусам колачи – вкус од детството, ем вкусни ем здрави за коските
Следна статијаЗглобовите и коските престануваат да болат штом се исчистат од солите – лек со ловоров лист