КРЦКАВИ „ПИТУЛИЦИ“ СО СИРЕЊЕ КОИ ПОТСЕТУВААТ НА ЛИСНАТО ТЕСТО: Ги правам речиси секој ден откако го дознав овој метод…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1,5 чаши вода (300 мл)
2 лажици оцет (20 мл)
1/2 лажичка инстант сув квасец (3 г)
1 лажичка сол (8 г)
1/2 мала чајна чаша масло (50 мл)
4 чаши брашно (400 г)

За премачкување на тестото:
200 г путер или маргарин

За фил:
Чедар кашкавал или бело сирење

За да премачкување:
1 жолчка од јајце
3 лажици масло

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад сипете млака вода, оцет и квасец, па промешајте. Малку по малку додајте масло, брашно и сол, па замесете меко тесто. Извадете го од садот и добро измесете го на работна површина 2-3 минути.

Тестото поделете го на 4 еднакви делови, обликувајте топчиња, покријте ги и оставете ги да отстојат 10 минути.

По изминатото време земете едно топче и врз набрашнета површина развлечете го во тенка кора, 35-40 см. Премачкајте ја со путер преку цела површина, па започнете со диплење како за лиснато тесто, како книга, за на крај да добиете квадрат.

Врз секоја нова површина кога ќе преклопувате, премачкувајте по малку со путерот. Добиеното здиплено тесто покријте го со кеса и оставете го во фрижидер додека ја развлекувате втората кора.

Кога ќе ја отворите и втората кора, исто така премачкјате ја со путер преку целата површина, па првото здиплено тесто ставете го на средина.

Продолжете со диплењето и на оваа кора, исто како и за првата, со тоа што во средината ќе остане првата „книга“. Истата постапка повторете ја и со преостанатите две теста. Вака спакуваното тесто покријте го и оставете го во фрижидер 1 час.

Одмореното тесто развлечете го на набрашнета површина во голема правоаголна кора и исечете го на еднакви парчиња.

Врз секое парче ставете фил и затворете во триаголник.

Притиснете со прстите за да се затвори тестото и да не истекува филот при печењето.

Обликуваните печива ставете ги во плех обложен со хартија за печење. Со четка нанесете мешавина од жолчка од јајце и масло.

Ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени додека убаво да заруменат. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во презентацијата ОВДЕ.