Крцкави обланди за 10 минути со нов фил – Колач кој постојано ќе го правите, нема валкање на садови

Толку се добри што нема да можете да им одолеете. На некои им паѓа шеќерот, некои се нервозни, па мораат, а некои едноставно ги сакаат.

Каков и да е вашиот „изговор”, рецептот за обланди со кекси и нутела, сигурно ќе го засакате. Верувајте ни дека навистина е така, бидејќи ова е се едни од највкусните колачиња кои сме ги пробале.

Постапката за приготвување е многу лесна, не се валкаат садови, а потребни ви се само 10 минути од вашето време.

Потребни состојки: 1 пакување обланди, 200 г нутела, 300 мл млеко, 200 г шеќер, 200 г путер или маргарин, 160 г брашно и 150 г кршени бисквити

Постапка:

Во поголем сад ставете млеко, шеќер, брашно и нутела. Сето тоа убаво промешајте го загревајќи го на рингла, внимавајќи да не останат грутчиња. Во топлата смеса додадете го путерот, па промешајте и тој да се растопи и соедини.

Варете околу 4 минути, додадете ги кексите и убаво промешајте за да се изедначи. Еден по еден лист филувајте ги обландите, па оставете на собна температура или ставете ги во фрижидер за да се стегнат.

Потоа сечете ги и послужете ги со шлаг, сладолед, овошје или по желба. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото:

Претходна статијаТежина, подуеност, умор? За 72 часа исфрлете дури 5 литри токсична вода од своето тело
Следна статијаМи рекоа да си одам дома, имам уште 10 дена живот, ама мене уште не ми е дојдено до умирачка