Фото и рецепт: Вишња Вишња

Драги домаќини и домаќинки, како вие го искористувате пирето што ќе ви остане?

Јас од него правам крокети.

Убави се и вкусни, крцкави однадвор а меки одвнатре.

Кога ќе ми остане пире од компир, а тоа обично се 5-6 лажици, јас во него додавам едно јајце и го соединувам матејќи со виљушка.

Потоа додавам брашно и половина прашок за печиво.

Брашно додавам толку колку тестото да не се лепи на раце, но останува уште меко, но не се лепи многу на рацете.

Потоа добро ја набрашнувам подлогата врз која го истурам тестото и го обликувам во валјак.

Со нож сечам парчиња, ги валам меѓу дланките и ги спуштам во врело масло.

Маслото не смее да биде премногу врело за да не изгорат предвреме, значи крокетите пржете ги на умерен оган.

Исто така можете да ги валкате во презла пред пржење, но мене вака ми се убави.

Напомена: не ставајте премногу брашно, тестото треба да биде меко, зошто ќе ви излезат тврди крокетите.

Втора варијанта: во пирето додадете издинстано бело месо со кромид. Па земете готови кори, на секоја трета ставајте фил и свиткајте.

Добивате 4 ролати.

Премачкајте со масло и печете до златно жолта боја. На крај прелијте со павлака : совршена пита.

Фото и рецепт: Вишња Вишња