„КРОФНОМАHИЈА“…Сите ги прават крофните по рецептот на Адриана…Растат големи, шупливи и формираат прстен…Највкусни од сите досега…Еве што ви е потребно според попyларниот рецепт на Адриана (Адрианина кухиња):

рецепт и фото: Адриана

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца + 1 жолчка, на собна Т
300 мл топло млеко
100 мл масло
2 кесички ванилин шеќер
1 лажичка рум, можете да ставите крушкова ракија, што и да имате – ако се користи алкохол, не впиваат масло
1/2 коцка свеж квасец (20 г) или сув квасец (7 г)
1 кесичка прашок за печиво
1 прстофат сол
2 лажици шеќер
рендана кора од еден лимон или портокал, што сакате, а може и едно и друго
и околу 700 г брашно

рецепт и фото: Адриана

ПОСТАПКА:

1.Загрејте го млекото само малку, не прегревајте го, тогаш квасецот нема да се активира.

Во млекото ставете една лажица брашно, една лажица шеќер и квасец, промешајте да се растворат и оставете да отстои 15 минути, додека да се активира и запени.

рецепт и фото: Адриана

2.Додајте ги јајцата, маслото и останатите состојки, а на крајот брашното помешано со прашок за печиво. Замесете компактно тесто кое треба да биде убаво и мазно.

3.Оставете го тестото на топло место додека да се удвои во волумен, па уште еднаш премесете го и оставете го да ферментира додека по вторпат да го удвои волуменот.

рецепт и фото: Адриана

4.Истресете го на набрашнета површина и поделете го на помали делови, а од секој дел обликувајте топче. Тежината на едно топче е 60 грама. Секое топче одделно наредете го на хартија за печење (претходно исечени парчиња).

5.Покријте ги крофните и оставете ги еден час да ферментираат и да нараснат.

рецепт и фото: Адриана

6.Убаво загрејте го маслото на умерено јака температура, а можете да ја проверите топлината на маслото со дршката од дрвена лажица, ако околу неа се формираат меурчиња, убаво е загреано,

Но, при пржењето намалете ја температурата на средно, не смее да биде висока. Исто така, не треба да има премногу масло, доволно се 1.5-2 прста длабочина.

рецепт и фото: Адриана

7.Ја ставате крофната сосе хартијата во маслото, а по неколку секунди извадете ја хартијата. Пржете ги додека да заруменат од двете страни.

рецепт и фото: Адриана

-Тестото можете да го развлечете во кора со дебелина до 1,5 см и со чаша или модла да вадите крофни.
-Мојот шпорет има 9 јачини, јас ги пржам на 5.
-Пополнете ги крофните по желба.

Постапката од рецептот на Адриана можете да ја погледнете ОВДЕ.

https://www.facebook.com/share/r/BhEN9RGxZF1MyCZe/?mibextid=UalRPS

НАЈДОБРИ ДОМАШНИ КРОФНИ: Не впиваат масло, а остануваат меки и свежи дури и следниот ден – рецепт кој секогаш успева