Тајната за подготовка на воздушни крофни во домашни услови со едноставни алатки
Подготвувањето на совршени крофни бара прецизност и трпение, но со овој рецепт ќе постигнете професионален резултат користејќи само основни состојки и кујнски прибор.
Овие крофни се меки, воздушни и остануваат свежи со денови, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
250 грама брашно
35 грама шеќер
3-4 грама инстант квасец (1 лажичка)
160 грама вкупна тежина од 2 ладни јајца и малку ладно млеко (од фрижидер)
3 грама сол (1/2 лажичка)
30 грама путер
800 мл – 1 литар масло за пржење (користете мала тава)
НМД

Постапка:
1. Во сад измешајте го брашното, шеќерот и квасецот. На вага ставете еден сад, скршете две јајца во него и постепено додавајте ладно млеко додека да добиете 160 г вкупна тежина.
2. Постепено додавајте ја смесата од ладни јајца и млеко (вкупно 150-160 грама) и измешајте со рака до добивање компактно тесто.
3. Додајте ја солта и путерот.
4. Месете со миксер со спирални продолжетоци за тесто прво на ниска брзина додека сите состојки се соединат, потоа зголемете ја брзината додека тестото не достигне 90% еластичност.
5. Пред ракување со тестото, намачкајте ги дланките со малку масло.
6. Заоблете го тестото во компактна топка.
7. Поделете го тестото на 15-16 парчиња од по 30 грама.
8. Секое парче внимателно заоблете за да биде совршено тркалезно, густо и мазно.
9. Покријте со пластична фолија за да го задржите влажно.
10. Оставете да стаса 20 минути.
11. Секоја крофна извалкајте ја во брашно и доколку имате калапи обликувајте ги крофните со помош на две чаши кои вклегуваат една во друга (1/3 и 1/4 мерка) за да ја потиснете крофната и да добиете совршен диск.
Ако немате вакви калапи, само притиснете ги одозгора со прстите. Направете дупка точно во средината.
12. Оставете да нараснат двојно во волумен.
13. 20 минути пред пржење, тргнете го покривањето.
14. Загрејте 850 мл масло на средно умерена температура. Испржете една крофна за проба.
15. Ако белиот прстен не е доволно висок, продолжете со ферментирање. Кога тестото полека се враќа при допир, е подготвено за пржење.
16. Пржете на умерено слаб оган додека да добијат златно-кафеава боја.
17. Посипете со шеќер или додадете омилени преливи.
Чувајте во херметички сад за да останат меки и влажни. На вториот ден ќе бидат исто толку вкусни. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































