Рецепт и видео прилог на Мои Домашни Рецепти: Кремпита.

Потребни состојки: 3 жолчки, 1 јајце, 3 лажици шеќер, 1 лажица масло, 3 лажици топла вода, 2 лажици брашно, 5 г прашок за печиво ( ½ кесичка) и плех 20х30 см

За втора кора: 3 жолчки, 1 јајце, 3 лажици шеќер, 1 лажица масло, 3 лажици топла вода, 2 лажици брашно, 5 г прашок за печиво ( ½ кесичка)

За крем: 6 белки, 6 лажици шеќер, 1 литар вода, 4 кесички пудинг од ванила (1 кесичка од 36 г), 20 лажици шеќер (може и помалку, по вкус) и шеќер во прав за наросување одозгора

Постапка: Во подлабок сад ставете три жолчки и едно цело јајце и три лажици шеќер, па убаво изматете со миксер околу 5 минути додека смесата да згусне и побели. Додадете една лажица масло и три лажици топла вода, две лажици брашно, едно лажиче прашок за печиво, па со жица за матење промешајте за да се изедначат состојките.

Смесата излејте ја во плех (20х30 см) обложен со хартија и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути. Постапката повторете ја и за втората кора. Од изладените кори отстранете ја хартијата за печење.

За крем: пенасто изматете шест белки и со шест лажици шеќер. Матете со миксер 10 минути додека да добиете цврст и сјаен снег. Еден литар вода ставете во тенџере заедно со пудинг од 4 кесички и 20 лажици шеќер. Загревајте со постојано мешање додека да се свари кремот и да згусне.

Во снегот од белки постепено додавајте го топлиот пудинг и матете со миксер цело време околу 5 минути додека да се соединат убаво.

Во плехот во кој се печеа корите ставете ја едната кора, а врз неа рамномерно распоредете го кремот. Одозгора поклопете со втората кора па колачот оставете го 12 часа во фрижидер убаво да се стегне и излади. Потоа сечете на коцки и одозгора наросете шеќер во прав. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: