Потребен ви е колач кој брзо се приготвува? Тогаш, овој сочен колач со јаболка е вистинскиот избор, бидејќи се приготвува еднноставно и брзо, а притоа е многу вкусен.

Сочните јаболка и јогуртот му даваат посебна свежина на колчот во кој навистина ќе уживате ако го направите.

Потребни состојки: 4 јајца, 100 г ореви мелени, 100 г гриз, 50 мл масло, 100 г шеќер, 2 јаболка со средна величина, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво, 200 мл јогурт, малку цимет и 2 раце суво грозје или по вкус

Постапка: Одвојте ги белките од жолчките, па пенасто изматете ги со 3-4 лажици шеќер. Матете додека да добиете цврст снег, па додадете ги жолчките, гриз, прашок за печиво, мелени ореви, јогурт, рендани јаболка (исцедени со раце), суво грозје, масло и на крај цимет по вкус.

Со шпатула или лажица полека промешајте од долу кон нагоре за да се изедначат состојките, но малку да се сочува смесата воздушеста. Калап со обрач за торти 21 или 22 см, обложете го со хартија или намастете го со путер. Излејте ја смесата и израмнете.

Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 35 -40 минути. После првите 15 минути прекријте го со фолија за да се заштити да не загори одозгора.

Печениот колач оставете го малку да подизлади, па отстранете го обрачот и колачот превртете го врз чинија за послужување и отстранете ја хартијата. Одозгора наросете со ванилин шеќер. Деталите можете да ги погледнете во видеото: