Оваа кремпита е превкусна и малку необична. Постапката за приготвување е едноставна и брза. Изненадете ги своите најблиски со овој вкусен колач.

Потребни состојки:

3 жолчки
1 јајце
3 лажици шеќер
3 лажици топла вода
2 лажици брашно
1 лажичка прашок за печиво

за крем 1:

800 мл вода
3 пудинг од ванила
10 лажици шеќер (200 г)
5 белки
5 лажици шеќер

за крем 2:

350 мл млеко
3-4 лажици шеќер
1 пудинг од ванила
300 мл слатка павлака

постапка:

Во еден длабок сад за матење ставете 3 жолчки и едно цело јајце и 3 лажици шеќер. Со миксер пенасто изматете додека жолчките да побелат и згуснат. Во смесата додадете 3 лажици топла вода, 2 лажици брашно и 1 лажичка прашок за печиво. Изматете со миксер додека да се соединат состојките.

Смесата излејте ја во обложен калап (25х25 см) со хартија за печење а страните премачкани со малку маргарин. Израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути.

Крем 1: Во 800 мл вода ставете 10 лажици шеќер и прашокот од три кеси пудинг од ванила. Промешајте и варете ја смесата со постојано мешање додека да згусне.

Во посебен сад изматете 5 белки со 5 лажици шеќер додека да добиете цврст снег. Во белките постепано додавајте по една-две лажици од врелиот пудинг и миксајте додека двете смеси да се соединат.

Од печената и изладена кора извадете ја хартијата, па вратете ја во плехот каде се печеше. Врз кората излејте го приготвениот крем и израмнете. Оставете во фрижидер да излади.

Крем 2: Во 350 мл млеко додадете 3-4 лажици шеќер и 1 пудинг, па сварете го со постојано мешање додека да згусне. Оставете го да излади целосно.

Посебно изматете 300 мл слатка павлака додека да малку згусне. Изладениот пудинг изматете го со миксер, а потоа постепено додавајте го во слатката павлака и продолжете да матете со миксерот.

Добиената смеса рамномерно распоредете ја врз жолтиот фил. Израмнете и декорирајте по желба. Деталите можете да ги погледнете во видеото: