Ова е една од моите омилени торти или колачи, како сакате. Толку многу е кремаста и вкусна, а толку лесно и едноставно се приготвува што и деца можат да ја направат. Освен вкусниот крем кој многу лесно се приготвува, потребно е да набавите посни готови кори за торта (од супермаркет, или пак посни бисквити.




Доколку користите посни кекски, тогаш истите треба кратко да ги натопувате за да омекнат (во сок или растително млеко, а може и вода). Оваа торта колку подолго стои, толку повкусна станува, па доколку специјално ја правите за некоја пригода, можете да ја приготвите и неколку дена претходно. Еве што е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 450 г готови (купечки) посни кори за торта, може и медени да одберете за подобар вкус, 4 кесички пудинг со вкус на ванила (160 г), 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 1 литар бадемово млеко (или некое друго растително по ваш вкус), 6-7 лажици шеќер, 100 г посно црно чоколадо, 100 г маргарин и какао во прав за декорација.




ПОСТАПКА: Од еден литар бадемово млеко (оризово, соино или некое друго по ваш вкус) одземете 200 литри, а остатокот ставете да се загрева на умерена температура. На страна во посебен сад ставете шеќер по вкус (6-7 лажици), една кесичка ванилин шеќер и 160 г пудинг од ванила (4 кесички).




Измешајте ги состојките со лажица или жица-маталка, па постепено додајте 200 мл млеко и мешајте додека да добиете мазна и изедначена смеса, без грутчиња. Кога ќе зоврие млекото постепено додајте го густинот и непрекинато мешајте додека се свари и згусне.




Во посебен сад искршете го чоколадото (100 г), па додајте половина од врелиот сварен пудинг и промешајте додека да се растопи и инкорпорира. Потоа покријте ги со проѕирна-стреч фолија за да не се нафати коричка и оставете на страна целосно да се олади.




Во изладениот пудинг ставете омекнат путер (на собна температура), по 50 г исечкан и во светлиот и во чоколадниот дел (вкупно 100 г). Изматете пенасто со миксер додека убаво да се соедини и да добиете убав, нежен крем.




Отворете ги корите, па една кора ставете врз подлога и со помош на виљушка густо избоцкајте ја. Натопете ја одозгора со неколку лажици вода (или медена вода/сок/растително млеко).

Врз кората рамномерно распоредете половина од чоколадниот пудинг и премачкјате преку целата површина. Ставете ја втората кора, па и неа избоцкајте ја со виљушка. Натопете ја со неколку лажици вода или течност по ваш избор.




Врз втората кора рамномерно нанесете половина од светлиот пудинг и израмнете. Постапката повторете ја и со третата кора врз која се нанесува остатокот од чоколадниот крем и четвртата кора врз која се насесува остатокот од светлиот крем.




Врз добро израмнетата површина наросете какао (може мелен лешник кој сака или кокос), па оставете ја тортата во фрижидерв да одмори преку цела ноќ. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.