Утринското кафе за многумина е омилениот топол напиток со кој го започнуваат денот, а кај нас на Балканот, речиси задолжително се пие „турското“ кафе кое остава талог. Каде го истурате кафето и дали ја правите истата грешка како повеќемината?




Можеби не сте знаеле, но мијалникот честопати се затнува поради некои постапки кои несвесно и без размислување секојдневно сите ги правиме. Освен што во него не е добро да ги оставаме валканите чинии полни со остатоци од цврста храна, исто така, во одводот не треба да ги истураме и течните отпадоци.




Како што пренесува Hillcrestplumbing, првото нешто што никогаш не треба да го фрлате во одводот е маснотијата, односно прегореното масло кое ви останало после пржењето – тоа е многу штетнo за цевките, но и за околината.




Маснотиите имаат тенденција да се стврднуваат и на тој начин да ја затнат цевката, а потоа одзатнувањето е многу тешко. Течните масла е најдобро да ги складирате во шишиња и да ги одложите до специјализирани служби кои вршат откуп на вакви масла, или едноставно да ги затворите и да ги фрлите како цврст oтпад.




Истото важи и за мастите од животинско потекло, кои се најчестите причинители за затнување на цевките. Овие масти е најдобро да почекате да се стврднат на собна температура, па дури потоа да се соберат и да се фрлат во ѓубре.




Освен мастите, чест причинител за затнување на цевките, исто така, е талогот од кафе. Талогот од кафе се однесува исто како животинската маст, а можеби дури и полошо, бидејќи кога ќе се стврдне може дури и да се скамени со што многу го отежнува одзатнувањето на цевката.




Талогот од кафето можете да го искористите за производство на компост, особено многу го сакаат цвеќињата, а делува и како превенција од појава на разни штетници во земјата.

Доколку немате градина или не одгледувате цвеќиња, едноставно, талогот од кафе фрлете го во ѓубрето. Со помош на талог од кафе може да се направи и совршен пилинг за кожа, но и масло за масажа кое помага против б олки во грбот и зглобовите.




Кога станува збор за затнување на одводот, мора да ги споменеме и отпадоците од храна. Пред да се стават чиниите во мијалникот, најдобро е претходно да се пребришат со хартиена салфетка за механички да се отстранат сите остатоци од храната кои треба да завршат во корпата за отпадоци, а не во одводот.




Малите коскички може да ја дупнат цевката, а талозите од мека храна за која си мислите дека ќе се раствори, всушност може да се стврдне и да направи проблем.

И уште нешто за крај, сите лекови со поминат рок (течни или цврсти), најдобро е да се однесат во специјализирани депонии или добро да се спакуваат кога се фрлаат во ѓубре, и никако не смеат да се фрлат во одводот. Мора да ја подигнеме еколошката свест и повеќе да се грижиме за нашата животна средина.