Оваа торта сигруно нема никој да го остави рамнодушен, толку многу е вкусна и убава. Комбинацијата од јафа кекси и крем од ванила ја прават совршена. Одлична е за секакви пригоди, а секој може да ја направи брзо и едноставно. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за основа/кора: 300 г мелени бисквити, 100 г мелени ореви, 150 г омекнат путер, 50 до 100 г шеќер во прав (зависно од тоа колку сакате слатко), 200 мл сок од портокал

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за крем: 1 литар млеко, 3 кесички пудинг со вкус на ванила (120 г), 5 супени лажици шеќер, 100 г путер, 50 г шеќер во прав, 200 мл слатка павлака, 300 г јафа кекси

ПОСТАПКА за крем: во 200 мл млеко разматете го пудингот и шеќерот, да нема грутчиња, а останатите 800 мл сипете ги во тенџере на оган. Кога млекото ќе зоврие, намалете ја температурата, па додајте го разматениот пудинг.

Мешајте непрекинато додека смесата да згусне. Температурата мора да биде средно умерена, прво за да не се залепи млекото на дното, а потоа и пудингот. Тргнете го тенџерето од оган и пудингот прекријте го со проѕирна фолија за да не фати коричка.

Оставете да се олади на собна температура, а за тоа време направете ја смесата за подлога/кора. Путерот кој претходно омекнал на собна температура, изматете го пенасто со шеќерот во прав, па додајте ги мелените бисквити и оревите, па потоа залијте го и сокот од портокал.

Сето убаво со рака измешајте го, па истресете го на тацна и обликувајте кора со пречник од 26 см или ставете обрач од калап на тацната, па така обликувајте. Смесата е густа, па може да се обликува и со рака, во каков облик сакате.

Кога пудингот ќе се олади целосно, пенасто изматете го го миксер. Путерот омекнат на собна температура исто така, пенасто изматете го со миксер и додајвајте го постепено пудингот, лажица по лажица додека непрекинато матите и целосно да се изедначи.

Изматете ја слатката павлака додека да добиете шлаг, па додајте ја во кремот од пудинг и повторно изматете. Врз кората распоредете половина од смесата, израмнете, па наредете јафа кекси кои кратко сте ги натопиле во сок. Ќе потрошите малку повеќе од половината кекси.

Остатокот исечкјате ги и додајте ги во втората половина од кремот и промешајте. Овој крем распоредете го рамнимерно врз јафа кексите и израмнете. Израмнете по желба (со шлаг пена или ганаш) и добро изладете пред послужување. Рецепт на Domaсirecерti.nеt