Кремаст колач со бисквити и овошје кој се приготвува за 15 минути

Потребни состојки:

8 белки

400 г шеќер

1 лажица оцет

За фил:

8 жолчки

200 г шеќер во прав

300 г мелени бисквити

250 г путер/маргарин

100 мл млеко

800 г – 1000 г свежи јагоди (или банани за зимска варијанта)

2-3 шлаг креми

Постапка:

Изматете ги белките, додадете шеќер па добро изматете, на крај додадете оцет. Кората печете ја на 150 степени околу 25 минути во плех обложен со хартија за печење.

Изматете ги жолчките со шеќер во прав и путер. Додадете бисквити и млеко.

Напомена: доколку не сте сигурни во јајцата кога ги купувате, жолчките и шеќерот изматете ги на пареа, па кога ќе изладат додадете го путерот, бисквитите и млекото.

На кората ставете половина фил, потоа исечените свежи јагоди (банани), па втората половина од филот, и одозгора изматениот шлаг.

Оставете го колачот во фрижидер да излади.

На фотографијата е двојна мера: 2 кори, 2х количина фил и јагоди.

recepti.com

Loading...