Кремаст десерт за 5 минути! Сите го бараат овој рецепт! Вкусниот и нежен крем се приготвува без јајца, а има уникатен вкус на лимон. Кремот освен што е многу вкусен, тој е и здрав, а со него можете да ги филувате тортите, палачинките, да декорирате мафини, колачи и други десерти. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3-4 лимони, 100 г шеќер, 30 г скроб/нишесте/густин (3 супени лажици), 250 мл ладна слатка павлака

ПОСТАПКА: Лимоните треба да се големи и сочни, па доколку вашите не се такви, употребете 4. Исцедете го сокот од нив и сипете го во едно тенџере. Додајте го шеќерот и скробот, па добро промешајте со жица-маталка додека состојките да се изедначат и да добиете мазна смеса без грутчиња.

Тенџерето ставете го на рингла, па загревајте на умерена температура. Непрекинато мешајте додека кремот да згусне слично како пудинг. Добиениот крем претурете го во друг сад за побрзо да се олади, а за да не фати коричка одозгора покријте го со кеса или стреч-фолија.

Кога малку ќе подизлади на собна температура, ставете го да се олади во фрижидер. Потоа извадете ја слатката павлака (оладена исто така, во фрижидер), па сипете ја во подлабок сад и пенасто изматете ја со миксер.

Кога павлаката ќе згусне, но не премногу, прекинете го миксањето и префрлете се кај оладениот крем. Изматете го за да стане кремаст, па сипете го во павлаката. Продолжете со матењето додека двете смеси да се изедначат.

Кога ќе згусне како шлаг, вашиот крем е готов. Претурете го во кујнски/готварски шприц, па полнете ги десертните чаши или филувајте го по ваша желба. Послужете го добро изладено. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.