Кремаст банана колач кој може да се послужи и како сладолед – се топи во уста, лесен и освежителен

Фото и рецепт: Блуес

Овој леден банана колач е лесен и освежителен колач со богат вкус на банана, посебен бидејќи е без масло и маргарин.

Потребни состојки:

Loading...

6 белки
8 лажици полни шеќер
8 лажици полни брашно
4 лажици полни сечкани орево
1 лажичка какао

за крем од банани:

500 мл млеко
3 банани
5 лажици шеќер
3 лажици до врв полни густин

за крем од ванила:

500 мл млеко
1 пудинг од ванила
2 лажици до врв полни густин
6 лажици шеќер
300 мл слатка павлака за шлаг

за декорација:

200 мл слатка павлака за шлаг
кокосово брашно
струготини од бело чоколадо

Постапка:

Белките изматете ги во цврст снег, па додадете шеќер и матете додека тој да се растопи. Додадете брашно, какао и ореви, па внимателно со лажица промешајте да се изедначат, а сепак смесата да остане воздушеста. Префрлете ја во длабок плех со димензии 24х36 см или калап за торти бр.28. оставете да се пече на 150 степени, околу 50 минути.

Напомена: Кората излегува малку сува како биксвит, но за ден-два од кремот ќе омекне. Доколку сакате, можете одозгора да ја натопите со малку чоколадно млеко, доколку сакате и кората да ви биде сочна.

За крем од банани: Исечете ги бананите на тркалца и ставете ги во млекото да се сварат. Претходно од млекото одземете 100 мл и во него разматете го густинот и шеќерот, па додадете го и сварете го со постојано мешање додека бабабите и густинот да се поврзат.

Крем од ванила: Во малку млеко разматете го прашокот за пудинг, густинот и шеќерот. Остатокот ставете го на оган, па кога ќе зоврие, сварете ја оваа смеса со постојано мешање додека да згусне. Во изладениот крем додадете изматена слатка павлака.

Кога кората е печена, малку изладете ја и премачкајте ја со кремот од банани (кој може да биде млак), па оставете ја во фрижидер добро да излади. На така изладен крем од банана нанесете го кремот од ванила, па на крај изматен шлаг. По желба одозгора наросете кокосово брашно и рендано бело чоколадо.

Ако сакате побогат крем, може да додадете и растопено бело чоколадо. Колачот се послужува добро изладен.

Loading...