Леќата е грмушесто едногодишно растение од семејството на легуминозни растенија кое се одгледува како зрнеста култура. Присутна е во различни варијанти и бои како црвена, кафена, црна и зелена, а и сите видови леќа имаат слична нутритивна вредност.

Леќата е особено богата со протеини, растителни влакна, железо и други компоненти со низа корисни дејства за нашето тело. Лесна е за приготвување, луѓето ја употребуваат уште од многу далечни времиња, денес нејзината употреба е раширена низ целиот свет, а кај нас традиционално е присутна како вариво.

Леќата е исклучително нутритивна храна

Во суштина, оваа храна може да се смета за суперхрана. Покрај високиот процент на протеини, содржи витамини од Б групата, магнезиум, цинк, железо и калиум во значителни количини.

Леќата содржи растителни компоненти наречени фитохемикалии, кои можат да имаат заштитно дејство од повеќе хронични заболувања, како на пример кардиоваскуларни и дијабетес тип 2.

Го штити срцето и кардиоваскуларното здравје

Леќата е богат извор на растителни влакна, фолна киселина и калиум. Ова се хранливи елементи од големо значење за здравјето на срцето.

Зголемениот внес на растителни влакна може да ги намали нивоата на „ЛДЛ“ лошиот холестеролот во кр-вта. Дополнително на ова, растителните влакна се покажале како успешни и во спречувањето на прогресијата на заболувањата, кај веќе дијагностицирани пациенти.

Извонреден извор на фолна киселина или витамин Б9

Фолната киселина има доста важни функции во организмот: ја поддржува делбата на клетките, продукцијата на ДНА, а дефицитот на витамин Б9 може да биде особено опасно кај трудниците.

Леќата е одлична храна за дигестивното здравје и за слабеење

Соодветниот внес на растителни влакна од исхраната е многу важен фактор за слабеење, но и општо, за дигестивното здравје. Значењето на растителните влакна за здравјето на цревната микрофлора, а со тоа и на целокупно здравје на човекот е големо.

Храна погодна за дијабетичари, но и за превенирање од дијабетес

Високиот процент на протеини и растителни влакна, ја прави леќата храна со низок гликемиски индекс. Леќата помага за намалување на вишокот килограми, но и како превенција од зголемување на килограмите.

Леќата е добра храна за коските

Леќата е храна богата со калциум. Овој минерал е неопходен за метаболизмот на коските, мускулната и нервната функција, но и во правилното згрутчување на кр-вта. Во комбинација со витамините К, Д и некои други минерали како фосфор, магнезиум, леќата има клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, но и во превенцијата од одредени чести заболувања на коските, како остеопорозата.

Покрај корисните компоненти кои ги споменавме, во леќата постојат и неколку антинутриенти или компоненти кои ја попречуваат апсорпцијата на некои корисни нутриенти.

Антинутриентите во леќата ја блокираат продукцијата на ензимот кој е важен за варењето на протеините и ги прават недостапни. Фитичната киселина во леќата се врзува ја попречува апсорпцијата на железо, цинк и калиум. За целосна апсорпција на хранливите материи во леќата потребно е добро варење и потопување во вода на подолг период.

Потопувањето во вода, пред да се вари, овозможува ,,деактивирање” на антинутриентите во голема мера. Особено успешно е ако потопувањето се одвива во текот на целата ноќ.

Со целосното варење на леќата, се ослободува од поголемиот дел од антинутриентите. Еден протеин од сировата леќа, може да реагира со дигестивниот тракт и да предизвика реакции кои водат кон дијареа и повраќање.

Крем супа од црвена леќа и моркови

Рецепт на Вкусности МК. Оваа домашна леќа се подготвува многу брзо и едноставно, а потребно е само да ги исечкате зеленчуците и да ги додадете во тенџерето со вода. Воедно, оваа крем супа од црвена леќа е многу здрава и вкусна и со сигурност ќе им се допаѓа на домашните, а покрај тоа ќе го задоволите внесот на хранливи нутриенти.

Потребни состојки: 1 кромид, 3 чешњиња лук, мало парче свеж ѓумбир, 4 суви мали лути пиперчиња, 1 кафена лажичка кари зачин, 1 кафена лажичка куркума, пола лажичка црвен пипер, сол и црн пипер по вкус, 6 моркови, 400 г црвена леќа, 400 мл кокосово млеко, вода, 1 лимон, 1 китка свеж магдонос.

Постапка: Исечкајте го кромидот на ситни парчиња. Во намастено тенџере со маслиново масло додајте го кромидот на тивок оган и запржете го. Додека кромидот се пржи, во меѓувреме исечкате го лукот на што поситни парчиња и додајте го во тенџерето со кромид.

Исечкајте го кромидот и лукот на ситни парчиња

Истата постапка се повторува и со ѓумбирот и лутите пиперчиња. Промешајте ја смесата и зачинете со кари, куркума, црвен пипер, сол и црн пипер по вкус. Оваа комбинација на зачини е многу здрава, а покрај тоа леќата ќе добие убава портокалова боја.

Промешајте ја смесата и зачинете со кари, куркума, црвен пипер, сол и црн пипер

Промешајте ја запршката и додајте ги ситно исечканите моркови на полукруг. Потоа се додава леќата и убаво се промешува смесата. Потоа додајте го кокосовото млеко, а потоа конзервата со кокосово млеко наполнете ја уште 4-5 пати со вода и додајте ја во тенџерето.

Исечкајте го морковот на парчиња во форма на полукруг и додајте ги во запршката
Додајте ја леќата
Потоа додајте го кокосовото млеко, а потоа конзервата со кокосово млеко наполнете ја уште 4-5 пати со вода и додајте ја во тенџерето

Во меѓувреме, изрендајте една кора од лимон (потребно е кората да биде органска или отстоена во вода со сода бикарбона) и се цеди сокот. На крајот ситно исечкајте го свежиот магдонос.

Изрендајте ја кората од лимон и процедете го сокот

По 25 минути варење на леќата, тргнете го тенџерето од оган и испасирајте ја супата со рачен блендер. Кога ќе се соединат сите состојки и ќе добиете густа смеса, додајте ја кората од лимон, лимоновиот сок и магдонос и промешајте.

На крајот зачинете со уште малку сол и црн пипер. Крем супата е спремна за послужување, а по желба може да ја декорирате со малку свеж магдонос. Оваа чорба одлично се комбинира со пикантни потпечени лепчиња со кашкавал. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска