Крем-лек против загноени крајници: со две мачкања како никогаш да не болело

Колку пати сме имале проблем поради гнојна ангина кај нас, децата или некој друг член од семејството…

Болеста се манифестира со болки во вратот, посебно во грлото при голтање.

Еден од најдобрите домашни лекови кај ангина, воспалени крајници, за растворање на гнојните наслаги и ублажување на болката е варениот бел крем од млеко и лук…

100% е проверено кај ќерка ми која пред некој ден испи ладен шејк со мраз и јагоди, па ужасно ја заболе грлото.

Само двапати го употреби овој крем и грлото како никогаш да не ја болело.

Потребни состојки:

250 мл млеко
3-4 главици лук

Постапка:

Лукот излупете го и исчистете го, па ситно исечкајте го и оставете го 3-5 минути додека млекото се загрева.

Млекото ставете го на оган да зоврие, па намалете ја температурата на умерено до тивко.

Додадете го сечканиот лук и варете го на тивко, се додека смесата да се претвори во крем (како кога правите со густин).

За време на готвењето отворете прозор зошто навистина има интензивен мирис.

На чиста газа премачкајте со топлиот крем, па ставете на болното место, на врат. Врзете со шал, внимателно, зошто целиот преден дел од вратот е многу чувствителен.

Постапката повторете ја 2-3 пати, по потреба. Облогата се менува кога кремот ќе се исуши.

Loading...