Кисели краставички во тегла

Ова е рецепт на мајка ми.

Потребни состојки:

5 кг краставички
1 литар алкохолен оцет
2 литри вода
2 супени лажици шеќер
1 супена лажица сол
Црн пипер во зрно (ловоров лист, коријандер, лист од коморач, синап)

Постапка:

Краставичките измијте ги и наредете ги во теглички. Ако се поголеми краставиците можете и да ги исечете на помали парчиња.

Наведените состојки ставете ги на оган и сварете ги. Потоа налијте ги наредените краставички во теглите.

Теглите добро затворете ги и пастеризирајте ги.

Јас обично теглите ги ставам во поголема шерпа, свртени наопаку, на капаците. Налевам вода, теглите до половина да бидат во вода.

Ставам на оган и кога водата ќе зоврие варам уште 5 минути и оставам да се изладат во водата.

После 10-тина денови уживајте во приготвените краставички.

Loading...