Многу едноставен и брз рецепт. Под пишаниот можете да го погледнете и видео рецептот. Количината на состојките е мала, дадени се како основна мерка, но, по ваша желба можете да направите поголема количина, односно двојно или тројно да ги зголемите мерките.

Но, верувајте, и од оваа доза излегуваат навистина многу крекерчиња. За приготвувањето ќе ви бидат потребни само неколку минути, потоа следи ладење на тестото од половина час, а печењето е само 8-10 минути.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 45 г брашно, 1/2 лажичка морска сол, 30 г путер, 55 г чедар кашкавал, 1-2 лажички вода. Се печат на 180 степени само 8 до 10 минути, не предолго.

ПОСТАПКА: Во мултрипрактик или во сад за матење ставете брашно, путер омекнат на собна температура и рендан кашкавал. Изматете неколку минути додека (неколку пулса) додека да се соединат состојките. Во смесата додајте една-две лажички вода, па уште еднаш измиксајте.

Од добиената смеса формирајте топка, завиткајте ја во проѕирна фолија, исплескајте со рацете да добиете квадрат и оставете го тестото да одмори во фрижидер половина час, малку да се стегне.

Потоа тестото развлечете го во кора со помош на оклагија, најдобро помеѓу две фолии (или барем одозгора да има фолија, за полесна работа. Тестото не би требали да лепи и убаво е за работа, но можете површината да ја наросите со малку скроб.

Потоа со модла вадете форми и фигури по ваша желба и редете ги во плех обложен со хартија. Остатокот од тестото повторно соединете го и повторете ја постапката додека сето да го потрошите.

Крекерите печете ги во претходно загреаната рерна 8 до 10 минути. Деталите од постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.