Крцкава ПИТА-БУРЕК…Се двои на листови…За појадок, ручек или вечера…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл и мала чашна чаша од 120 мл):

За тесто:
1,5 чаши млеко
1/2 мала чајна чаша цврст јогурт или кисела павлака
1/2 кесичка прашок за печиво
1 лажичка сол
4,5 чаши брашно

За премачкување на тестото помешајте:
125 г растопен путер
1/2 мала чајна чаша масло

За фил:
250-300 г мелено месо
6 главици кромид со средна големина
За премачкување на питата:
жолчка
сусам

ПОСТАПКА:

1.Во млекото растворете го јогуртот и прашокот за печиво, па додајте го речиси сето брашно помешано со сол и замесете средно меко тесто.

Кога е стане компактно истресете го на набрашнета работна површина и месете го 5-8 минути додека да стане еластично. По потреба додавајте по сосем малку брашно.

2.Поделете го на два дела, обликувајте топки, оставете го на набрашнета површина и покријте ги со кеса за да одморат 15 минути.

3.Кромидот пропржете го на малку масло додека да омекне, па додајте го месото и залините. Динстајте уште неколку минути додека сето убаво да се соедини и зготви. Оставете настрана да се олади.

4.На набрашнета површина развлечете ја едната кора колку што можете потенко. Преку цела површина премачкјате ја со маснотијата, па започнете со диплење:

-прво од десна страна преклопете до половина, па од лева, да добиете долгнавест правоаголник. Премачкјате одозгора со маснотија.

-потоа од долу преклопете до половина, па од горе, да добиете квадрат. Оставете го во фрижидер додека на ост начин го подготвувате другото тесто.

5.И двете теста оставете ги во фрижидер покриени со кеса да одморат 20 минути.

6.По изминатото време извадете го првото тесто и на набрашнета површина развлечете го во тенок правоаголник. Ставете го во плех обложен со хартија за печење и одозгора распоредете го филот.

7.Одозгора преклопете со втората кора и краевите подвиткајте ги за да соединат тестата и да се затвори питата.

8.Одозгора премачкјате со една жолчка во која сте ставиле лажичка масло и посипете сусам. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, приближно 30 минути или додека да зарумени.

9.Оставете малку да подизлади, па послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/PRZ8dFke5Vw?si=-rywb_0pqptESVYr