Запишете си го овој едноставен рецепт за крцкав, слоевит кроасан кој можете да го подготвите или за појадок или за време на чај со гостите. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):
5,5 чаши (660 г) брашно
1 чаша (200 мл) топла вода
1 чаша (200 мл) топло млеко
1 лажица (20 г) шеќер
1 кесичка (10 г) сув квасец
2 јајца (без една жолчка)
1 лажичка (8 г) сол
За премачкување на тестото:
120 грама путер/маргарин
За премачкување и посипување:
малку сусам и црн ким
1 жолчка од јајце
1 лажица млеко
ПОСТАПКА:
1.За тесто: Во подлабок сад измешајте ги водата, млекото, шеќерот, квасецот и јајцата додека да се постигне хомогена конзистентност.
2.Започнете постепено да го додавате брашното, посолете и замесете меко, нелепливо тесто.
3.Покријте го тестото и оставете го да ферментира 45 минути. Потоа нежно премесете го и поделете го на 12 еднакви парчиња.
4.Секое топче развлечете го во кора со дијаметар од 25 см. Меѓу нив се премачкува путер и се редат едно врз друго. Ставете го во кеса и оставете го да отстои во фрижидер околу 25 минути.
5.Купот од кори ставете го врз набрашнета работна површина, лесно набрашнете го одозгора и развлечете го во квадрат 50 на 50 см.
6.Потоа, работ превиткајте го навнатре, а спротивниот раб превиткајте го над него за да се формира долг правоаголник во три слоја.
7. Исечете цик-цак триаголниците, свиткајте ги во кифли и наредете ги на плех обложен со хартија за печење.
8.Премачкајте ги со смесата жолчка-млеко и по желба посипете сусам и црн ким.
9.Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.