КРАЛСКА ШАРЛОТА – многу богат колач со бисквит и џем од кајсии, да ти е жал да го јадеш. Шарлотите се специјални десерти кои изгледаат како голема полутопка, некои ги споредуваат со куглоф, но во шарлотата нема вдлабнатина на средина.




Има различни верзии на подготвувате на колачот, а јас секогаш го подготвувам за специјални настани. Се прави од бисквит и овошје, може да биде печено или непечено, а може да се подготви со кајсии, малини, јагоди, чоколадо, секој вкус кој може да си помислите.




За да го подготвите колачот ќе ви бидат потребни следниве состојки за бисквит: 8 јајца, 140 г шеќер, 120 г пченично остро брашно, 1 кесичка прашок за печиво. За премачкување на бисквитот: 300 г џем од кајсии.




Потребни состојки за кремот: 3 јајца, 150 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 100 г путер, 2 кесички желатин, 100 мл ладна вода, 350 г крем сирење, 200 мл слатка павлака, 800 г компот од кајсии.




Подготовка на бисквитот: Во голем сад ставете ги јајцата, шеќерот и добро измешајте со електричен миксер. Постепено додавајте го брашното заедно со прашокот за печиво и постепено вмешајте ги во смесата со јајца.




Во 2 лимени или друга тава со димензии 40×31 обложете со хартија за печење и рамномерно распоредете ја смесата во нив. Печете 15 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.




Печениот бисквит поделете го на 2 еднакви дела и завиткајте ги во хартијата за печење и оставете да се изладат 20-30 минути. Одвиткајте ги бисквитите, премачкајте ги со џем, повторно заролајте ги во хартијата и ставете ги во фрижидер најмалку 2 часа. Изладените ролни исечете ги на прстени со дебелина до 1 цм.




Обложете тркалезен сад од 22 цм со проѕирна фолија и наредете неколку ролатчиња исечени на кругови. Кремот кој ќе го подготвите следно прелијте го врз овие ролатчиња и меѓу него вметнете кајсии од компот.

Одозгора наредете го преостанатиот ролат да изгледа колачот како полутопка од долната страна. Ставете ја шарлотта во фрижидер неколку часа за добро да го стврднете кремот, а по ладењето, превртете ја на рамен сад.




Подготовка на кремот: Во сад ставете 3 жолчки, шеќер, ванилин шеќер и варете на пареа 4-5 минути, мешајќи постојано. Додајте го путерот и со повремено мешање оставете да се растопи на пареата уште неколку минути , а потоа тргнете го садот од пареа.




Измешајте го желатинот со вода и оставете да отстои 5 минути. Желатинот загрејте го на ниска температура да се растопи и измешајте го во јајцата. Додајте го крем сирењето и нежно промешајте во смесата. Изматете ја слатката павлака во шлаг со електричен миксер и изматете ги белките од јајцата во цврст снег.

 




Прво измешајте го шлагот во јајцата, потоа белките. Може да го ставите кремот во фрижидер малку да се стврдне пред да го ставите врз ролатчињата, за полесно да ја формирате полутопката. Можете да ја комбинирате оваа шарлота со неколку видови џем и компот. / Coolinarka.com