ГУЖВАНА ПИТА СО ГОТОВИ КОРИ: 5 минути време, со шунка, пиперки и сирење

Гужвана пита која ми го одзeмa здивoт, се подготвува за 5 минути, а потоа се става на печење и веднаш се послужува. Со готови кори и уште неколку состојки кои секогаш ги имате дома..




Се прави одвнатре џумбус со корите, а однадвор е фино спакувана како ќебенце. За појадок, ручек или вечера, никогаш не останува веднаш се јаде целата.




Потребни состојки: 500 г кори, 200 мл јогурт, 3 јајца, 1/2 кесичка прашок за печиво, малку сол, 60 мл масло, 350 г сирење, 3 кисели краставички, 2-3 печени пиперки, 100 г шунка. За премачкување: малку газирана вода, масло, 1 јајце, млеко, сусам.




Постапка: Во еден сад скршете ги трите јајца. Додајте го јогуртот и сирењето. Јас користам два видови на сирење, младо и фета, бидејќи ми остана вишок, но може да користите било какво.




Сол се додава во зависност од соленоста на сирењето. Додајте половина кесичка прашок за печиво тоа е околу 5 г. Додајте го маслото и измешајте ја смесата. Потоа киселите краставички исечкајте ги на ситни коцки и додајте ги во смесата.




Истото направете го и со печените пиперки од кои сте ја извадиле дршката, па исечете ги и нив на коцки. Може да користите и пиперки од туршија или свежи пиперки. На крајот исечкајте ја шунката или некое друго сувомеснато по ваша желба.




Направете мешавина од газирана вода и масло за премачкување на корите. Ставете една цела кора врз плех за печење, кој треба да биде помал од корите за тие да излегуваат малку нанадвор, а на крајот да го завиткаат тестото одозгора.




Премачкајте ја кората со газирана вода и масло па одозгора ставете втора кора и истото направете го. Потоа земете трета кора и изгужвајте ја во филот кој првично го направивте. Ставете ја кората во плехот и потоа исполнете го плехот со вакви гужвани кори.




На крајот преостанатиот фил го преливате одозгора и завиткувате со корите кои висат од страна. Повторно ги премачкувате корите со газирана вода и масло и одозгора ставате цела кора која ја виткате одоздола.




Премачкувате, виткате уште еднаш со уште една кора, повторно премачкувате со мешавина од јајце, малку млеко, сол и масло. Одозгора може да наросите со сусам и ставате на печење во претходно загреана рерна на 200 степени, 25-30 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




Претходна статијаСтар народен лек за чистење на белите дробови – како нови
Следна статијаКРАЛИЦА НА СИТЕ САЛАТИ: без неа не може да помине ниедна слава, оригинален рецепт за руска салата