Фото и рецепт: Дана Дробњак

Потребни состојки: 500 г кори за розен торта. За фил: 400 г шеќер, 300 мл вода, 3 замрзнати портокали (без кора), 250 г маргарин/путер, 150 г чоколадо, 200 г мелени ореви и 250 г мелени бисквити. За глазура: 100 г чоколадо и 4 лажици масло

Постапка: Во еден сад ставете шеќер и вода, па откако ќе зоврие оставете да врие уште 3-4 минути. Потоа додадете ги на најситно изренданите замрзнати портокали. Гответе 2-3 минути, па додадете го путерот исечкан на листови и чоколадото искршено на коцки. Мешајте додека да се растопи.

Тргнете од оган и додадете ги мелените бисквити и ореви. Измешајте, оставете малку да подизлади, па филувајте ги розен корите. Ставете нешто тешко одозгора, па во фрижидер да се олади и стегне. За глазура: Растопете 100 г чоколадо со 4 лажици масло и прелијте го колачот.

Фото и рецепт: Дана Дробњак