Чоколадни коцки, многу едноставен рецепт, готов за помалку од еден час. Подолу можете да го погледнете видеото за негово приготвување.

Потребни состојки:

500 г нутела или некој сличен намаз
4 јајца
110 г брашно
џем по желба

За глазура:

120 г чоколадо за готвење
4-5 лажици вода

Постапка:

Во нутелата додадете јајца и добро промешајте. Потоа додадете го брашното.

Смесата излејте ја во калап за печење 38х25 см (обложен со хартија за печење) и печете во загреана рерна на 180 степени. Проверете со чепкалка: кога ќе ја прободете во средина, таа треба да излезе сува.

Кога бисквитот ќе подизлади, поделете го на две половина, па едната кора премачкајте ја со џем. Можете да одберете џем по вкус.

Преклопете со втората кора и одозгора прелијте со чоколадна глазура. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: