Потребни состојки за кори (х2!)

4 белки

120 г шеќер

150 г мелени лешници

За крем:

6 жолчки (екстра свежи)

10 лажици шеќер

1 путер/маргарин (250 г)

2 пудинг од чоколадо

600-700 мл млеко

70 г сечкани лешници за наросување +-

Постапка:

Плех 32х22 см обложетње го со хартија за печење, а рерната вклучете ја на 180 степени.

Белките изматете ги во цврст снег со постепено додавање на шеќерот. На крај полека вмешајте ги лешниците со лажица внимавајќи смесата да остане воздушеста, и излејте ја во плехот, па печете околу 15-20 минути (додека малку да ја смени бојата).

Истата постапка повторете ја и со втората кора.

За кремот: сварете ги пудинзите во млекото (прво разматете го прашокот со малку млеко и 2 лажици шеќер, а преостанатото млеко ставете го на оган да зоврие, па додавајте со постојано мешање додека да згусне). Изладете со повремено промешување за да не фати коричка (треба да биде доста густ пудингот).

Во меѓувреме пенасто изматете ги жолчките, со преостанатиот шеќер и путерот. Кога двете смеси се на иста температура, со лажица додавајте го пудингот во жолчките, за сето време матејќи со миксерот на средна брзина.

Редете: кора – крем – кора – крем и на крај наросете сечкани лешници.

Ставете во фрижидер да излади преку ноќ, а сечете следниот ден.

Во кремот се користат свежи јајца, термички необработени јајца, па затоа тортата чувајте ја во фрижидер и правете ја за консумација, најдоцна 2-3 дена. Ако правите помала верзија, испечете една кора која ќе ја преполовите и така ќе добиете две помали кори.

Уште една верзија за подолг рок на тортата, посигурна, е да ги сварите жолчките со шеќерот на пареа, па потоа да ги промешате со кремот.