КОРИСНИ УПОТРЕБИ НА НАНЕТО: влијае врз штетниците во градината и непријатните мириси..

Нането е цветно, повеќегодишно растение кое припаѓа на родот Мента. Нането вегетира во влажни предели со тропска и умерена клима. Луѓето најчесто го собираат од ливадите.

Најчесто се користи за правење чај и во комерцијални цели, како додаток на пастите за заби и други препарати за нега и одржување на оралната хигиена поради уникатните освежувачки својства.




Чајот од далечни времиња се употребува за нелагодности и б олки во стомакот, а поради истите причини листовите од нане се додаваат и при варењето на гравот (голем дел од луѓето имаат проблемот со дигестирањето на оваа мешунка).

Нането во традиционалната медицина се користи и за третирање на проблемот со непријатен здив, за арома терапиии, прочистување на воздухот во затворени простории итн. Свежите листови од нане содржат незначителни количества протеини, масти и нешто повеќе јаглехидрати.




Сепак, нането има голема микронутритивна вредност: значителна количина од витаминот А, потоа железо, манган, витамини од Б групата (особено Б9 или фолна киселина) и помали количества калциум, магнезиум, калиум, цинк, фосфор, калиум и витамин Ц.




Покрај ова, нането преставува антиоксидативен извор, особено ако се спореди со другите слични билки. Покрај големата количина на антиоксидативниот витамин А, нането содржи и повеќе полифенолни антиоксидатни (розмарична, кафеинска и ферулична киселина, како и еугенол). Во продолжение прочитајте неколку корисни употреби на нането кои можеби досега не сте ги знаеле:




Одгледувањето на нане во вашиот двор и градина ќе го ослободи неговиот смирувачки мирис и ќе ја исполни градината со корисни инсекти. Нането е богат со нектар и полен и ќе стане брзо и лесно достапен за корисните инсекти како што е пчелата.

И покрај тоа што ги привлекува добрите инсекти, нането ги одвраќа сите „лоши” инсекти кои можат да ги уни-штат цвеќињата во вашата градина. Нането како што помага и на цвеќињата, корисен е и за домашните миленичиња бидејќи ги одвраќа болвите.




Направите микс од 2 китки свежо нане, 1 китка свежа мајчина душица и 1 китка свеж пелин. Сето тоа ставете го во мало платнено ќесе и сместете го под или до омиленото лежиште на вашиот миленик.

Етерично масло додајте во домашните прочистувачи како правосмукалка или пегла за алишта. Одличен е за чистење на мебел од дрво, бетон или плочки. Разредете чаша бел оцет во 3 литри вода и додајте 3 – 5 капки од нане етерично масло.




Нането е супер освежувач на ладните пијалаци. Додај гранче свежо нане да отстои во вода или обичен ладен чај и послужете. Нането се става и во ароматична освежувачка вода.

Нането се додава и при подготовка на месо, или зеленчук неколку минути пред да завршите со готвењето. Дава специфична арома и преубав мирис кој ќе се прошири низ целиот дом.




За ослободување од лошиот здив, изџвакајте 1 лист нане, а лошиот здив ќе исчезне за неколку секунди. Чајот од нане е одличен начин да се олеснат тегобите во стомакот. Нането помага при смирување на дигестивниот тракт и го олеснува варењето, цревните гасови и стомачните гр-чеви.




Инхалација со нане може да помогне во чистење на синусите и застој како и бор-бата против инфекции. Во тенџере ставете вода и почекајте да зоврие, а потоа додајте неколку капки есенцијално масло од нане или свежи листови и потпрете се врз тенџеререто, ставете крпа над вашата глава и вди-шувајте ја пареата на нането.




Есенцијалното масло може да го подобри вашето расположение и да се намали чувството на га-дење. Едноставно додајте неколку капки масло на чисто марамче и вди-шувајте од него.

Помага и при намалување на симптомите на мигрена и мускулни гр-чеви. Можете исто така да направите едноставна облога за да се ослободите од главоболката: Ставете 3 чаши топла вода и во нив 3 чајни ќеси од нане.

Во покриен сад оставете да отстојат 5 – 7 минути, а потоа извадете ги ќесички со чај и додајте мраз. На ткаенина или газа натопете го ладниот чај и ставете го на челото додека мирувате.




Нането е одличен пилинг за нозете. Направете комбинација од 1 чаша морска сол, 1/3 чаша маслиново масло и 6 капки нане есенцијално масло. Нанесете го пилингот на нозете и стапалата, а по 30 минути исплакнете со вода.

Нането ги смирува из-горениците од сонцето. Ставете го свежиот лист директно на болното место или направете чај кој ќе го поставите на газа. Го смирува црвенилото и помага во лекување на отворени ра-ни.

Претходна статијаЗДРАВ СОК ОД ЈАБОЛКА без конзерванси по брза постапка, од 5 јаболка се добиваат 6 литри сок
Следна статијаРУЧЕК СО МАКАРОНИ КАКО ОД РЕСТОРАН, многу вкусно и лесно, ќе ве воодушеви со мирис и вкус