Корен кој ги уништува бактериите, ги лекува белите дробови, синусите и ја смирува кашлицата (рецепти)

Ренот е познат како најдобар природен лек за синусите, со силно дејство врз респираторниот тракт. Неговиот лут вкус и арома овозможуваат на природен начин да ги исчистите своите синуси и дишните патишта.

Коренот од рен се бере доцна наесен кога листовите ќе свенат од мразот. Можете да купите свеж корен од рен на пазар во овој период, но треба да одберете свеж, камено-тврд, здрав без мувла и загниени места.

Одбегнувајте зелено-обоен корен од рен, бидејќи тој е премногу горчлив. Исто така, внимавајте да не е ниту премногу зрел, постар и поголем корен, бидејќи тогаш има лош вкус.

Loading...

Дома чувајте го ренот во хартиена кеса и ставете го во фрижидер каде може да го чувате во следните 6-9 месеци. Комерцијално приготвените производи од рен се лесно достапни во продавниците ширум цела година.

Реност секогаш треба да го користите во свежа состојба; ако е рендан и стои предолго, тој ја губи својата лековитост. Може да го изрендате и ренот да го помешате со јаболкова киселина, но мора да се чува во добро затворен сад во фрижидер. Вака може да има неограничен рок.

Секогаш користете го во сурова состојба, бидејќи со варење се губи неговото лековито дејство и својот вкус.

РЕН ЗА СИНУСИ

Познато е дека ренот за синуси е еден од најдобрите природни лекови. Инфекцијата на синуси се јавува поради натрупување на секретото во синусните канали, што овозможува погодни услови за раст и развој на патогените бактерии. Оваа состојба може да биде прилично болна и неугодна.

Испарливите соединенија кои се присутни во ренот ја спречуваат оваа акумулација и вршат разредување на старата слуз. Значи, доколку сте склони на синусни и инфекции на горните дишни патишта, може да земете половина лажичка сок од рен наутро и на пладна и најмалку 10 минути после употребата не смеете ништо да јадете ниту да пиете.

Ова веднаш ќе ги прочисти синусите. Ренот исто така ги ублажува симптомите на грип, настинка и тешко дишење. Ситно мелената паста од рен може да се нанесете преку гради. Покрај ова, може да се загрее рендан рен и да се инхалирате со испарувањата 5-10 минути.

РЕН ЗА БРОНХИТИС

Ренот се препорачува во лекувањето на хроничен бронхитис и респираторни болести, бидејќи има силно антисептичко и дејство за искашлување, а исто така ги шири бронхиите.

Изрендајте корен од рен и додадете четири лажички мед. После 30 минути истиснете го сокот добро иоставете го на страна. Ренданиот корен ставете го да се загрее на пареа или на многу тивок оган заедно со 10 лажици вода. Откако ќе се соедини и ќе испушти сè од себе, процедете и оставете да излади. Потоа процедете го и соединете го со сировиот сируп претходно што го исцедивте. Консумирајте по една лажица пред оброк, трипати дневно.

РЕН ПРОТИВ КАШЛИЦА

Една лажичка рендан рен измешајте со лажичка мед и консумирајте секое утро на празен желудник, во текот на период од 30 денови.

РЕН ПРОТИВ БОЛЕСТИ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ

Прелијте 10 г рендан корен од рен со 200 мл зовриена вода, па оставете да отстои неколку минути. Потоа процедете и пијте 2-3 пати дневно во мали шолји. Овој чај од рен е одличен за чистење на белите дробови.

РЕН ПРОТИВ АСТМА

Сварете 4 лажици рендан рен со шолја јаболкова киселина на тивко или на пареа, па кога ренот ќе омекне, процедете го и во добиената количина додадете иста количина мед. Варете ја оваа смеса на многу тивко додека да згусне, па почекајте да излади. Добиената смеса се зема наутро и навечер по една лажица.

Loading...