Консумирајте половина авокадо заедно со ручекот, еве зошто

Резултатите од студијата објавени во списанието „Нутриционизам“ покажаа дека половина авокадо заедно со ручекот предизвикува подолго чувство на ситост, со што ја намалува потребата за консумирање на нездрави закуски помеѓу оброците.

Ова откритие може да им помогне на оние лица кои имаат проблем со вишокот килограми„- изјави д-р Џон Сабат, професор во Школата за јавно здравство во САД.

Во истражувањето учествувале 26 испитаници, со возраст од 25 до 65 години, кои имале прекумерна тежина.

Добивале по три оброци дневно, а половината од нив за време на ручекот јаделе авокадо.

Оние коишто го консумирале ова овошје, имале за 40% помала потреба за да јадат нешто до вечерата, за разлика од испитаниците кои не добивале авокадо.

Loading...