КОНЕЧНО – наместо класична диета, режим на исхрана со кој резултатите се ЗАГАРАНТИРАНИ

Стотици илјади луѓе ја држат оваа диета, а на социјалните мрежи закачуваат фотографии на кои е очигледна трансформацијата на нивното тело. Велат дека го изгубиле салото и целулитот, а добиле мускули и станале поздрави.

Диетата 30 дена, оригинално „Whole 30“, всушност не е класична диета, туку е целосен премин на природна, здрава храна во текот на 30 дена.

Во тој период во организмот не смеат да се внесуваат никакви шеќери и засладувачи, брашно и производи од брашно, полуготови јадења, пржена и похована храна.

После тие 30 дена, тврдат авторите на диетата а потврдуваат оние кои ја држеле, ќе имате евидентни здравствени и естетски ефекти.

Loading...

Како прво, ќе ослабете, но било како, туку ќе ви се намалат масните наслаги и целулит, а мускулната маса ќе се зголеми.

Вашата кожа ќе заблеска, а акните, псоријазата, екцемите ќе се намалат или ќе исчезнат.

Кога станува збор за здравјето, после овие 30 дена ќе имате подобра крвна слика, побрз метаболизам, посилен имунитет, додека евентуалните проблеми со варењето ќе се регулираат. Ќе бидете значително поотпорни на сите инфекции и воспалителни процеси.

Болките од различно потекло, на пример во вратот, грбот и рамењата, менструалните болки, мигрена, ќе бидат значително послаби.

Сите кои го пробале овој начин на исхрана почувствувале дека имаат повеќе енергија, дека се помалку уморни и подобро расположени.

Правилата се едноставни, треба само да бидете истрајни и буквално да се придржувате до препорачаниот режим на исхрана.

ДОЗВОЛЕНА ХРАНА

Што и да си мислите вие, здравата храна може да биде многу вкусна, особено ако правилно ја комбинирате.

Верувајте, за еден месец, колку што трае овој режим на исхрана, ќе ги засакате овошјето и зеленчукот кои до вчера не сте сакале ниту да ги погледнете.

МЕСО

Најдобро е да го јадете варено или печено, на скара или во сува тава. Бирајте бело пилешко и мисиркино наместо јунешко, телешко или свинско. Месото не го јадете почесто од еднаш дневно.

ЈАЈЦА

Ако ги јадете цели (и жолчката), ограничете се на две цели јајца дневно. Ако јадете само белки, можете да ги јадете неограничено. Варени или печени на маслиново масло.

РИБА

Најдобро би било да бирате масна риба, а тоа е туна и лосос. Секако, сите видови риби се дозволени и пожелни. Рибата слободно јадете ја за два оброка дневно, ако така ви се допаѓа.

Школките и морските плодови можете да ги јадете еднаш седмично, но замрзнати или во саламура.

ЗЕЛЕНЧУК

Внесувајте ги сите видови зеленчуци. Слободно јадете го свеж, варен или варен на пареа. И јадете го со секој оброк, во неограничени количини.

Сите видови салати кои сами ќе ги направите, зачинете ги со маслиново масло, природни зачини и лимонов сок. И салатата јадете ја со секој оброк во неограничени количини.

ОВОШЈЕ

Јадете ги сите видови овошје, но само претпладне. Дозволена е една порција секој ден. На пример, помеѓу појадок и ручек. Јаткастите плодови, бадем, лешник, бразилски орев, фстаци, индиски орев, исто така се дозволени, а се јадат свежи или печени, никако пржени. Јадете најмногу една рака дневно.

МАСТИ

Внесувајте две супени лажици ладноцедено маслиново масло – дневно. Можете да јадете и ги путер, кој е прочистен од млечни масти. Имено, протеините од млекото и сите млечни производи можат негативно да влијаат врз резултатите од оваа диета.

ЕВЕ КОЈ ХРАНА Е ЗАБРАНЕТА:

Многу намирници кои ги јадеме се резултат на нашата мрзеливост или недостиг на време да се потрудиме околу приготвувањето на оброците, или пак, немаме храброст да пробаме нешто ново.

Размислете… познавате ли некој што нешто изгубил кога престанал да консумира брза храна и чоколадни торти? Нема такви, што значи дека ни вам нема ништо да ви фали ако се одречето од шеќерот и млечните производи.

ШЕЌЕР

Забранет е секој шеќер. И бел и жолт. Забранети се и природните засладувачи како што е јаворов сируп, мед, агава, нектар, кокосов шеќер, стевиа и сл. Читајте ги етикетите на намирниците кои ги купувате за да не изедете нешто што содржи било каков шеќер.

ЖИТАРИЦИ

Не смеете да јадете ниеден вид на житарица. Значи, забранете е пченица, рж, јачмен, овес, пченка, ориз, просо, хељда…. Не додавајте во храната снегулки и ркулци.

МЕШУНКИ

Не смеете да јадете ништо што содржи скроб. Исфрлете го гравот, грашокот, леблебија, леќа, кикирики… не е дозволена соја, како ни производи од соја, соја сос, мисо, тофу…

МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Никакво млеко не е дозволено, ниту кравјо, ни козјо ни овчо, ни соино. Кајмак, сирење, кефир, јогурт, павлака – се’ е забрането.

АЛКОХОЛ

Не се консумира алкохол, дури ни за готвење.

Loading...