Конечно најдов одличен рецепт за рафаело топчиња – многу се вкусни, евтини и просто се прават

Здраво на сите, сакам со вас да го споделам овој рецепт кој навистина ме воодушеви и со вкусот и со леснотијата со која се приготвува.

Рафаело топчињата се многу популарни и речиси сите ги прават според некој свој рецепт, со млеко во прав, без млеко, посни со густин и вода или растително млеко…

Loading...

Мојот рецепт се приготвува со млеко и пудинг од ванила, која сака може во секое топче да стави лешник, но и не мора, секако се вкусни и празни, уште е потребен шеќер, маргарин или путер и кокос за валкање.

Ништо комплицирано, а се добиваат доста топчиња со големина на орев, превкусни се, лапни – голтни, одлични за секоја пригода!

Потребни состојки:

500 мл млеко, 2 кесички пудинг од ванила, 7 лажици шеќер, 300 г кокос и уште кокос за валкање, 250 г маргарин или путер, лешници за полнење на топчињата, но не мора и уште 250 г шеќер во прав.

Постапка:

Од половина литар млеко одземете приближно половина чаша за да ги разматите пудинзите. Остатокот млеко заедно со 7 лажици шеќер ставете ги на оган. Прашокот за пудинг добро разматете го да нема грутчиња, па внимателно додадете го во млекото кога тоа ќе зоврие. Намалете ја температурата и мешајте постојано додека пудингот убаво да се згусне. Потоа оставете го на страна целосно да се олади.

Путерот оставете го да омекне на собна температура, па заедно со шеќерот во прав пенасто изматете го со миксер. Откако убаво ќе го изматите, започнете лажица по лажица да го додавате во него изладениот пудинг, а за цело време матете со миксер.

На крај додадете го кокосот и промешајте со лажица убаво да се соедини и изедначи во кремот. Оставете малку во фрижидер да се стегне, но ако ви се брза можете и веднаш да ги формирате топчињата.

Земајте по малку во навлажнета или намастена дланка и формирајте ги топчињата. Во нив можете да ставате по еден лешник, но не е задолжително, и така се многу вкусни.

Секое топче валкајте го во кокос и редете ги на рамна површина, а потоа оставете ги во фрижидер убаво да се стегнат, а најдобро е да се остават преку цела ноќ.

Подобри Рафаело топчиња од овие не сум пробала. Станав зависна од нив, па затоа одлучив рецептот да го споделам со вас.

Coolinarika.com

Loading...