Доктор и Началник на Клиниката за васкуларна и ендоваскуларна хирургија открива како да ја препознаете аневризмата, особено ако дошло до нејзино пукање.

“Аортата е најголем крвен сад во телото, а крвта ја одведува од срцето кон органите и ткивата. На својот пат после излегувањето од срцето, аортата се дели на гранки кои водат кон главата и мозокот, а потоа и за рацете.

Во градниот кош се дели на меѓуребрени артерии, а по преминот низ дијафрагмата се дели на гранки за стомачните органи: желудник, црн дроб, слезина, панкреас, црева и бубрези.

Кога аортата ќе навлезе во лумбалниот, односно слабинскиот дел, се дели на две гранки, секоја за по една од нозете. Од ова се гледа дека аортата ги снабрдува со крв сите органи и ткива. Болестите на аортата придонесуваат кон дисфункција на сите органи и влијае врз организмот во целина”, вели професорот, д-р Александар Томиќ.

Што е аневризма и каде може да се појави?

Кога крвниот сад – артеријата, ќе ја зголеми широчината за повеќе од 50%  од нормалното, тогаш говориме за аневризма. Нејзина начеста локација е во стомачниот дел каде нормално пречникот на аортата изнесува од 16 до 20 мм. Кога пречникот ќе надмине 30 мм тогаш говориме за почетен стадиум на аневризма на абдоминалната аорта. Ова проширување на аортата настанува постепено и трае со години.

Особено загрижува порастот на пречникот од 5 мм годишно кога честопати брзо се одлучуваме за оперативно лекување. Почесто ги погодува мажите, но во последно време и жените доста заболуваат.

Старосната возраст на пациентите е обично во седмата деценија и подоцна, но сè почесто имаме пациенти и на 50 годишна возраст.

Што е причина за појава на аневризма?

Болеста која ги зафаќа артериите, а со тоа и аортата, а се нарекува атеросклероза. Таа претставува деструкција на ѕидот од крвниот сад со таложење на масти и калциум во ѕидот на артеријата со што доаѓа до создавање на атеромска плака.

Тоа се манифестира со слабеење на ѕидот кога поради висок притисок доаѓа до ширење на аортата, т.е. создавање на аневризма. Овој процес може да доведе и до стеснување и затнување на артеријата, што има тешки последици во вид на пропаѓање на целни органи.

Затнувањето на вратните артерии доведува до шлог и инфаркт на мозокот, а затнувањето на артериите за бубрезите доведува до бубрежна инсуфициенција. Затнувањето на аортите и нејзините гранки за нозе доведува до гангрена на стапалата и потколениците.

Дали постојат некакви симптоми кои би укажале на тоа дека имаме аневризма во некој крвен сад?

Симптомите кои пациентите ги чувствуваат обично се незначителни и главно аневризмата (на абдоминалната аорта на пр.) се дијагностицира како пропратен наод, дури кога пациентот ќе отиде на преглед на стомакот или поради некоја друга болест.

Ако има симптоми, т.е. болки околу папокот повеќе накај лево, тогаш можете да препоставиме дека постои аневризма со поголеми димензии. Кога аневризмата ќе го надмине пречникот повеќе од 6 см, тогаш сметаме дека оваа величина претставува ургентна состојба која бара брзо лекување.

Најдобро би било аневризмата да се лекува кога нема симптоми, со планирана операција. Оперативното лекување подразбира замена на заболениот дел од аортата со синтетски графт, плетено црево од материјали слични на тефлонот кои се отпорни на истегање.

Заболената аорта се сече и на местото на заболениот сегмент се вградува споменатата протеза. Исто така, постои најсовремено ендоваскуларно лекување на аневризма – ЕВАР со вметнување на спрецијално дизајнирани тефлоснки графтови низ крвните садови во препоните.

Оваа процедура е далеку покомфорна за самиот пациенти, но нејзината ефикаснот ќе се покаже и процени дури во иднина. Исто така, оваа процедура е значително поскапа од класичната операција, што е дополнителен ограничувачки фактор.

Во развиените земји повеќето абдоминални аневризми се третираат со овој метод. Се надевам дека во скора иднина ќе можеме да го зголемиме овој број на ендоваскуларни процедури.

Кои се последиците од пукање на аневризмата и како пациентот го препознава пукањето?

Ако не се преземе навреме оперативното лекување и аневризмата премине пречник над 6 см, значително се зголемува ризикот од пукање на аневризмата.

Доколку таа пукне во стомачната празнина, ќе се излие голема количина на крв. Ако пациентот итно не се оперира, ќе искрвави и ќе дојде до смртен исход. Речиси по правило на пукањето и претходи силна болка во стомакот, т.е во проекција на аневризмата.

После пукањето болката полека попушта, бидејќи повеќе нема притисок во стомакот, а на пациентот му се заканува хиповолемиски шок кој настанува поради крвавењето.

Често, откако аневризмата ќе пукне, постои еден мал интервал од неколку минути до неколку часови кога е потребно што поскоро да се стигне во васкуларна хируршка установа, каде оваа состојба може да се препознае и итно хируршки да се лекува.

Неопходно е да се утврди местото каде аортата пукнала за да се постават васкуларни инструменти кои спречуваат крвавење. За жал, успехот на операцијата кога веќе е пукната аневризмата е драстично послаб од успехот кога се оперира плански.

Која е вистинската превенција?

За да не дојде до оваа ситуација, ви требало да се преземат некои мерки кои подразбираат редовни прегледи кај васкуларен хирург и ултразвучен преглед на абдоменот кој луѓето после својата 50-та треба да го прават најмалку на две години.

Кога еднаш ќе се дијагностицира, растот на аневризмате се следи со редовни едногодишни прегледи со ултразвук или скенер. Ако се забележи брз раст, на контролите од 6 месецо, веројатноста од пукање е голема и мора да се примени оперативно лекување.

Ако нема раст и аневризмот “стои”, доволно е еднаш годишно да се контролираат димензиите со ултразвучен преглед. Секако, општите ризици кои значително придонесуваат кон раст на аневризмата се пушење, хиперлипидемија, дебелина, слаба физичка активност и др.

Лекови кои се користат во лекување на аневризми кои сè уште не се за операција се ацетилсалицилна киселина, лекови за регулација на новата на мастите, антихипертензиви и др.