Рецепт на Валентина Машковиќ. Поздрав до сите, денес ќе ви откријам стар рецепт за слаткарските Рум коцки, кој најпосле го открив и ќе ви го презентирам. Отсекогаш сакав да го јадам овој колач и се обидував да го направам по разно-разни рецепти но никогаш не ми излегуваше како оној од слаткарниците.




Конечно го добив оригиналниот рецепт за Рум коцки и уште неколку рецепти кои ќе ви ги откријам во следниот период. Запишете си го и вие овој рецепт и следна пригода направете ги, ќе се уверите дека според вкусот се вонсериски, ќе бидете воодушевени. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за бисквит): 4 јајца, 100 г шеќер во прав, 3 супени лажици брашно, 2 супени лажици какао во прав, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 150 г мелени ореви. ЗА ФИЛ: 300 г путер, 300 г шеќер во прав, 100 г (3 супени лажици) џем, 50 мл рум, 150 г мелени ореви, 150 г мелени пишкоти (слатка презла). ЗА ГЛАЗУРА: 200-250 г чоколадо, 4 лажици млеко, 4 лажици масло и уште шлаг крем за декорација




ПОСТАПКА: Во посебни садови внимателно одвојте ги белките од жолчките од четири јајца. Белките пенасто изматете ги со миксер, без шеќер, сè додека да добиете цврст снег. Во друг, подлабок сад, ставете ги жолчките заедно со шеќерот во прав и путерот омекнат на собна температура.




Полека со миксерот изматете го путерот и постепено зголемувајте ја брзината додека да се соедини со шеќерот и жолчките. Матете неколку минути сè додека да добиете убава густа и мазна смеса како крем.




Во изматените жолчки со путер додајте го брашното, најдобро просеано низ сито, помешно со една кесичка прашок за печиво и две супени лажици какао во прав. Изматете со миксерот додека да се изедначат состојките. Во оваа смеса додајте го снегот од белките и промешајте со шпатула или со миксер на најмала брзина.




Најпосле во оваа смеса додајте 150 г мелени ореви, па повторно промешајте. Подгответе еден плех со средна величина (32х22 см или приближно), намастете го и обложете го со хартија за печење, а рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Распоредете ја смесата во плехот и израмнете, па ставете да се пече 20-25 минути (проверете со чепкалка).




ЗА ПУТЕР КРЕМ: Во длабок сад за матење ставете 300 г несолен путер омекнат на собна температура и 300 г шеќер во прав (колку путер толку шеќер), па пенасто изматете неколку минути со миксер. Додајте 100-150 г џем, едно цело шишенце арома од рум (30-50 мл) и продолжете уште малку со матење додека сите состојки да се соединат.




Во путер кремот додајте 150 г мелени ореви и слатка презла (може да ги изроните рабовите од бисквитот ако го кроите за да има рамни ивици и мелени пишкоти или бисквити). Кремот кој ќе го добиете треба да биде со средна густина. Печениот и оладен биксвит ставете го во флексибилен обрач и одозгора премачкјате го со џем.




Одозгора рамномерно распоредете го приготвениот крем и израмнете, па колачот оставете го во фрижидер да отстои 3-4 часа (најмалку 2 часа). Потоа отстранете го обрачот, исечете ги коцките и една по една натопувајте ги од горната страна во чоколадна глазура (сите состојки растопете ги на ниска температура). Секој коцка декорирајте ја со изматен шлаг. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.