Home Рецепти Компот од сливи, лесен рецепт, ќе ви се најде кога ќе имате...

Компот од сливи, лесен рецепт, ќе ви се најде кога ќе имате проблем со цревата

Компотот од сливи почнав да го правам повеќе како лек отколку како десерт, зошто секогаш кога имам проблем со цревата, ќе си отворам една тегла и проблемот е решен.

Потребни состојки:

-сливи

-вода 250 мл по тегла

-шеќер 5 лажици по тегла

Постапка:

Сливите кои треба да бидат цврсти, измијте ги и избоцкајте ги со стерилизирана игра на 5-6 места за да не испукаат додека се пастеризираат.

Наредете ги сливите во чисти тегли.

На една тегла од 700 мл се става 250 мл вода и 5 лажици шеќер. Во зависност од бројот на теглите, пресметајте колку вода и шеќер ќе ви биде потребно.

Сварете го сирупот, па малку изладете го.

Полнете ги теглите со сирупот и веднаш затворајте ги.

Во голема шерпа ставете на дното крпа, па наредете ги теглите (не треба да се допираат!). налејте вода со ¾ во висина на теглите и варете ги околу 15 минути. Топлите тегли завиткајте ги во ќебе и оставете ги да изладат 12 часа. Потоа се готови.