Home Здравје Колку повеќе ги гушкате своите деца, толку тие стануваат попаметни – Најново...

Колку повеќе ги гушкате своите деца, толку тие стануваат попаметни – Најново истражување на детска клиника

Ако сакате да си ги прегрнувате децата – правете го тоа и натаму, почесто. Еден ден за тоа ќе ви бидат благодарни.

Според најновите истражувања, прегратката, тој несомнено најискрениот облик на физичка наклонетост, е многу важна за развојот на детето.

Истражувањето било спроведено во Националната детстка клиника во Охајо со кое биле опфатени 125 деца, меѓу кои имало и предвремено родени.

Було утврдено дека со гушкањето на децата и покажувањето на нежност, кај децата се предизвикува силна реакција во мозокот, со што тие побрзо се развиваат.

Да се сака своето дете и да се биде нежен кон него, не е само убаво и хумано, туку и многу корисно.

Д-р Натали Метр, водител на истражувањето, објаснува дека овој едноставен чин има огромно влијание врз детскиот мозок.

<

Во текот на гушкањето, хормонот окситоцин, кој предизвикува позитивни емоции, се ослободува во големи количини и придонесува за јакнење на врската помеѓу мајката и детето.

Недостигот од прегратка и топлина може негативно да влијае врз детето, да се намали неговата самодоверба и да се отежне комуникацијата со другите луѓе.

Треба да знаете дека секојпат кога ќе гушнете некого, вие не само што покажувате наклонетост, туку и го зголемувате нивото на окситоцин и го подобрувате целокупното психичко здравје.

Дали често ги гушкате своите деца?