3 ТРАДИЦИОНАЛНИ ПОСНИ КОЛАЧИ: задолжителен дел од трпезата за Свети Никола. Без разлика што оваа година празникот го славиме само со семејството, трпезата за овој празник треба да биде секогаш богата.

Ви предлагаме да подготвите три традиционални задоволства за Свети Никола кои можат да траат со денови и секој ден да имаат подобар вкус: БАКЛАВА. Потребни состојки: 1 пакување кори за баклава; 500 г ореви; малку шеќер; 200 г суво грозје; 200 г посен маргарин. За прелив: 1 литар вода, 1 кг шеќер; 1 цел лимон.

Постапка: Измешајте ги мелените ореви, шеќерот и сувото грозје. Потоа на плех ставете ја кората за баклава и посипете ја со мешавина од ореви, шеќер и суво грозје. Потоа ставете уште една кора и редете додека целосно да се потроши материјалот. Потоа баклавата исечкајте ја на ромбоиди и прелијте ја со топол растопен маргарин.
Баклавата се пече околу 20 минути на 200 степени. Во меѓувреме се прави преливот: Во тенџере со вода се става шеќерот и се остава да зоврие и да се растопи. Потоа во него се додаваат кришки сечен лимон и се остава целосно да се олади. Прелијте ја топлата баклава со шербетот и оставете неколку часа на собна температура додека добро го впие преливот.
БАЈАДЕРИ. Потребни состојки: 300 г посни мелени бисквити; 200 г мелени ореви; 250 г шеќер; 1 ванилин шеќер; 10 лажици вода; 200 г посен маргарин; 150 г посно чоколадо за готвење. За глазура: 200 грама темно чоколадо, 3 лажици масло.
Постапка: Во тенџере ставете ги шеќерот и ванилиниот шеќер, додајте вода и варете додека да зоврие. Се трга од оган, па се додава маргаринот и се меша додека да се растопи. Додајте ги мелените бисквити и мелените ореви и убаво измешајте.
Смесата се дели на два дела, на едниот се додава растопено чоколадо за готвење, а другиот останува жолт. На правоаголниот плех нанесете кафеав, а потоа жолтиот дел. Ставете во фрижидер да се стегне.
За глазура: растопете ја чоколадата со маслото и прелијте ја тортата со врелата глазура. Кога колачот ќе се стегне, се сече на стапчиња и се сервира. Следниот рецепт е вистинско изненадyвање и набрзо стана xит:
ОРАСНИЦИ. Потребни состојки: 300 г мелени ореви, 250 г посен маргарин, 600 г шеќер во прав, 300 г брашно, 1 прашок за печиво.
Постапка: Рачно измешајте ги шеќерот во прав и маргаринот, претходно отстојан на собна температура. Потоа додајте ги мелените ореви, брашното и прашокот за печиво. Месете ја смесата додека да почне да се одвојува од садот.
Со смесата полнете ги до половина калапите за кифлички или модли за мафини и печете 10 минути на температура од 160 степени. Можете и вие самите да ги обликувате орасниците. По желба, пред печење, орасниците може малку да се наросат со сечкани ореви.