Јогуртот e напиток кој го зајакнува имунитетот, делува против бактерии и габи, па дури помага и во третманот на рак, а за да има резултати потребно е да го користиме секој ден во доза од најмалку две чаши. Искуствата на луѓето, но и научните истражувања покажаа дека јогуртот е најбезбедниот природен лек против дијареата.

Неговата моќ лежи во неговата способност да ги уни-шти микроорганизмите кои ја предизвикуваат оваа болест. Бактериските култури кои го прават јогуртот од обично млеко, произведуваат млечна киселина во цревата.

Ова ја зголемува киселоста на цревната содржина, што спречува репродукција на E. colli и други цревни бактерии. Кон-сумирањето јогурт го забрзува закрепнувањето од цревни инфекции. Не сите јогурти се подеднакво добри за лекување на дијареа. Најдобри се оние кои содржат лактобацилус ГГ. Ако јогуртот се загрева, може да спречи ширење на колика.

Јогуртот е моќно о ружје во бор-бата против ракот. Ова е особено точно кај пробиотскиот јогурт. Лактобацилусот и другите корисни јогуртни бактерии влијаат на производството на гама интерферон, што го зајакнува имунитетот и го забавува растот на туморот. Се верува дека јогуртот ги намалува полипите, спречува да растат и се претвораат во рак на дебелото црево доколку не се лекуваат навреме.

Нашето здравје зависи од имунитетот. Нè штити од разни бактериски и вирусни инфекции, но и од рак. Јогуртот влијае на концентрацијата и работата на белите кр-вни клетки, т.е. го стимулира имунолошкиот систем и го подобрува неговото функционирање. За да се покаже тој ефект, потребно е да се пие секој ден.

Јогуртот, како и другите намирници кои содржат многу протеини, ја зголемуваат мозочната активност. Со стимулирање на производството на гама интерферон, јогуртот ја зголемува отпорноста на настинки и алергија на полен.

Колку повеќе гама интерферон има, толку помалку се развиваат IgE, главните компоненти на алергиската реакција. На луѓето кои стра-даат од алергија на полен, им се препорачува да пијат две чаши јогурт секој ден три месеци пред сезоната на полен.

Јогуртот може да ја ублажи б олката пред менструацијата (ПМС), абдоминалната б олка и другите заболувања за време на менструацијата. Се верува дека ова својство го овозможува благодарение на високата содржина на калциум.

Жените кои имаат чест ва-гинитис предизвикан од габата Кандида треба да пијатпробиотски јогурт секој ден.  Големата содржина на калциум е важна во бор-бата против остеопорозата, болест која особено ги по-годува жените после менопаузата. За да спречите коскени заболувања, треба да пиете јогурт со помал процент на маснотии (1,6% mm и помалку).

Постојат експерти кои веруваат дека јогуртот не е за бебиња. Иако оваа храна е многу добра за варење кај возрасни, кај бебиња помлади од една година, протеините од јогурт, како и млекото, можат да предизвикаат реакција што доведува до дијареа, несоница и грчеви, а подоцна во животот и на алергии на кожата и респираторните орга-ни.

За правилно функционирање на целиот организам, калциумот е неопходен, а го има во јогурт. Содржината на овој минерал е само една од причините зошто јогуртот е неопходен да се зема секој ден.

Јогуртот поради својата енергетска, нутриционистичка и медицинска вредност е секојдневна храна и лек против болести кои се јавуваат како резултат на современиот начин на живот и исхрана.

Јогуртот содржи јаглехидрати, протеини, масти, калциум. Покрај тоа, содржи и калиум, витамини Д, Б2 и Б12. Пробиотичките бактерии, кои сè повеќе се користат при подготовка на јогурт, се многу важни за цревата, цревната флора и општото функционирање на дигестивниот тракт.

Јогуртот содржи голема количина витамини и минерали кои се одговорни за правилното функционирање на целиот организам. Еден од најважните е секако витаминот Б12, кој ги зачувува црвените кр-вни зрнца и му помага на нервниот систем да работи правилно.

Пробиотиците што ги содржи јогуртот ја враќаат рамнотежата на микрофлората во цревата, што може да помогне при варењето на храната (во спречување на запек, но и дијареа).

Ги топи мастите и помага во сла-беење

Во студија спроведена на Универзитетот во Тенеси, докажана е моќта на јогуртот во топењето на масните наслаги. Испитаниците кои редовно кон-сумирале јогурт изгубиле 22% поголема телесна тежина и дури 81% повеќе маснотии во стомакот отколку луѓето кои едноставно го прескокнале.

„Кога пиете јогурт, калциумот ги сигнализира масните клетки да произведуваат помалку кортизол, кој помага во губење на маснотиите, додека аминокиселините помагаат во согорувањето на мастите“, вели Мајкл Земел, водачот на студијата.

Додајте лажица ленено семе во јогурт и пијте ја оваа смеса секое утро. За еден месец, ќе забележите драстична разлика во тежината. Лен во комбинација со јогурт ги топи мастите со неверојатна брзина.

Го зајакнува имунитетот

Според Меѓународниот весник за имунотерапија, јогуртот со активни култури го зајакнува имунитетот и игра клучна улога во бор-бата против одредени алергии и вирусни инфекции.

Го регулира холестеролот

Јогуртот го намалува нивото на холестерол кај луѓето кои имаат благи или умерени проблеми.

Го чува срцето

Кон-сумирање на нискомаслен јогурт може да го намали ризикот од развој на висок кр-вен притисок. Млечните протеини што ги содржи јогуртот го регулираат кр-вниот притисок и придонесуваат за општо добро здравје на срцето.