Колеги пчелари, намачени души: Украдени ми се 23 пчелни семејства, ве молам споделувајте, да се најде крадецот!

Пред извесно време на пчеларот Горан Илиевски му беа украдени 23 пчелни семејства, а со тоа му е нанесена огромна штета!

На својот фејсбук профил, тој пред 6 часа ја објави веста и замолува да се проследат информации кои ќе помогнат до пронаоѓање на криминалците.
Колеги Пчелари, Намачени Души
Украдени ми се 23 пчелни семејства од Орешани Скопско. Апелирам да ми се проследат некои информации кои ќе доведат до фаќање на овие дрски криминалци ( квази пчелари). Последен пат видени и прегледани минатиот четврток. Кражбата е извршена во сабота, недела или понеделник навечер.
Пријавено е во полиција и тие трагаат.
Последен пат видени и прегледани минатиот четврток. Кражбата е извршена во сабота, недела или понеделник навечер” – огорчен, објаснува Горан.

Loading...

За жал, колку што можевме да забележиме од коментарите, ова не е изолиран случај. Пчеларите се жалат, зошто нивната работа е многу тешка, тешко заработуваат за да можат да ги прехранат своите семејства. И кога на сета мака ќе им се случи уште вакво нешто… навистина е жално! Апелираме до сите читатели на НМД доколку имаат било какви информации да го известат Горан Илиевски.

Еве некои од коментарите на засегнатите:

“Колеги, сега ние треба да си помогнеме. Секој си го познава својот терен, ако некој забележи пчеларник кој е тукушто поставен, ако некој продава пчелни семејства… веднаш треба да реагира!”

“Треба да ги најдат, крупна работа е тоа, не може да се скријат. За нив потребна е локација, тие се крадени за чување, зошто бирани се поквалитетните друштва. Тоа не го направил аматер, тоа е човек со познавања, а можеби и во години…”

“Ако се бирани подобрите друштва, тогаш имаш мегдан да претпоставуваш… Во секој случај загрижувачки размери зема оваа појава, не само кај нас, туку и во соседството на Север…”

“Колеги дај да не збориме на празно ние самите ако приметите секој на неговото подрачје да некој има наводно купено повеќе пчели или да има продадено да го известиме оштетениот па истата информација да се провери преку органите за прогон така најдобро ќе помогнеме и на оштетениот и на нас ,не дај боже да ми се случи истото”

“Исто и нас ни се украдени пчели во Тиквешијата и тоа трипати досега. Клетва од пчелар да го фати….Пчелата е благодет од природата и таа колне…”

“Колеги, да му помогнеме на Горан Илиевски, никој да не доживее ова да му се случи. Сочувствувам со колегата, бидејќи знам како се чувствува, и јас го имам тоа доживеано….”

“Со смалување на долната граница за субвенции ова искрено го очекував….”

“Ние пчеларите имаме потреба од обука и информации за користење на GPS уреди. Ако има некој вакви знаење и можности, го покануваме да изврши обука и продажба”.

Колеги ПчелариНамачени ДушиУкрадени ми се 23 пчелни семејства од Орешани Скопско. Апелирам да ми се проследат некои…

Публикувахте от Goran Ilievski в Вторник, 3 март 2020 г.

Loading...